Милан Мариќ, Вук Костиќ и уште 6 најпосакувани ергени во Србија
Виктор Савиќ
Еден од омилените актери од помладата генерација, Виктор Савиќ, зад себе има бурен љубовен живот.
Тој беше свршен со Теодора Миљковиќ, но ја раскинаа свршувачката, а таа се омажи за друг.
Виктор беше во врска и со пејачката Сара Јо и со актерката Данина Јефтиќ.
Бошко Јаковљевиќ
Еден од најпопуларните српски водители, Бошко Јаковљевиќ, важи за вечен ерген.
Жените повеќе од 20 години лудуваат по него, а тој приватниот живот го крие од јавноста и никогаш не објавува фотографии од своите партнерки на социјалните мрежи.
Александар Радојиќиќ
Дамите ги обожаваат продорните сини очи на актерот Александар Радојиќиќ.
Од врската со Јелена Малезовиќ, која не е јавна личност, има ќерка. Со поранешната партнерка на суд водеше битка за старателство над ќерката со која е многу приврзан.
Беше во врска и со манекенката Цеца Живојиновиќ, а во моментов е во љубов со манекенката Дуња Радичевиќ.
Марко Јанкетиќ
Марко е еден од омилените мажи во Србија, а има и многу обожавателки.
Тој сепак го крие својот приватен живот, па не се знае дали е во врска или сингл.
Не се знае ни со кои девојки бил во врска и дали се дел од јавниот живот или не се занимаваат со јавна професија.
А. Ј. | Црнобело