Никола Роквиќ: „Се запоставив поради болеста и смртта на татко ми, но собрав сила и ослабев 17 килограми“
- Детали
- недела, 09 април 2023
„2021 година за мене беше многу стресна, болеста на татко ми, неговата борба од една година со ужасната болест, влијаеше и на мене, па немав волја да тренирам, ниту да водам сметка за исхраната. Дојдов до еден миг во кој тежев дури 110 килограми. Умор, тромавост и поспаност…“, ја почнува својата исповед пејачот Никола Роквиќ.
Пејачот Никола Роквиќ на својот Инстаграм профил се пофали со драстичната промена која ја направил на своето тело.
Тој успеа да ослабе 17 килограми со тренинзи и избалансирана исхрана и сега сака да ги инспирира и другите да го направат тоа.
Неговата исповед гласи:
„За здравјето се бориме додека сме млади. Така го чуваме во 'складиште' за подоцнежниот период од животот.
2021 година за мене беше многу стресна, болеста на татко ми, неговата борба од една година со ужасната болест, влијаеше и на мене, па немав волја да тренирам, ниту да водам сметка за исхраната.
Дојдов до еден миг во кој тежев дури 110 килограми.
Таа килажа се гледа на оваа фотографија (подолу).
Умор, тромавост и поспаност.
Кон крајот на октомври 2021 година започнав со кик-бокс тренинзи, 4 пати неделно.
Ги комбинирав со трчање, што сега од оваа перспектива не препорачувам, затоа што доаѓа премногу кардио тренинг и тренинг со висок интензитет наеднаш.
Исхраната ми стана балансирана... Добро, со многу грешки, но започнав од некаде.
Одвреме-навреме правев кратки паузи, патувања, настапи, немав баш сериозен пристап сè до 1-ви септември 2022 година, кога почнав да тренирам сериозно и да почитувам посебен план на исхрана.
Имав 6 месеци посветена работа и придржување со можеби 3, 4 седмици пауза од по 7, 8 дена и тоа ме доведе до убави резултати.