3-месечно бебе кое беше спасено од урнатините во Турција конечно во прегратка на мајка му (видео)

Јасемин Бегдас во земјотресот во Турција ги загубила сопругот и двата сина, а по 54 дена конечно имаше можност да го држи во раце своето бебе, кое било извлечено од под урнатините 5 дена по катастрофалниот земјотрес. Како изгледаше емотивната средба на мајката и бебето?

3-mesechno-bebe-koe-beshe-spaseno-od-urnatinite-vo-turcija-konechno-vo-pregratka-na-majka-mu-video-01.jpg

Ова 3-месечно бебе беше прогласено за „чудо“, откако спасувачите успеаја да го спасат од под урнатините 5 дена по страшниот земјотрес што ја погоди Турција во февруари годинава.

Сега, по речиси 2 месеца, малото девојче конечно беше дадено во прегратките на неговата мајка.

3-mesechno-bebe-koe-beshe-spaseno-od-urnatinite-vo-turcija-konechno-vo-pregratka-na-majka-mu-video-02.jpg

Речиси сите турски медиуми во февруари ја пренесоа веста за наоѓањето на 3-месечното бебенце што беше извадено од под урнатинините во Хатај, Турција, 5 дена по страшниот земјотрес што ја погоди земјата.

Медицинските сестри и спасувачите на девојчето му го дадоа името Гизем.

3-mesechno-bebe-koe-beshe-spaseno-od-urnatinite-vo-turcija-konechno-vo-pregratka-na-majka-mu-video-05.jpg

Бебето немаше поголеми здравствени проблеми, по што веднаш беше пренесено во Анкара каде беше предадено на надлежните институции да се грижат за него.

Но сега, 54 дена по катастрофалниот земјотрес, малото бебе конечно се најде во прегратките на својата мајка.

3-mesechno-bebe-koe-beshe-spaseno-od-urnatinite-vo-turcija-konechno-vo-pregratka-na-majka-mu-video-06.jpg

Имено, откако бебето било земено од надлежните институции, со ДНК анализа било утврдено дека името на девојчето е Ветин Бегдас и дека е ќерка на Јасемин Бегдас.

Во катастрофалниот земјотрес, Јасемин ги изгубила сопругот и двата сина.

3-mesechno-bebe-koe-beshe-spaseno-od-urnatinite-vo-turcija-konechno-vo-pregratka-na-majka-mu-video-03.jpg

Во емотивното видео од повторната средба на мајката и бебето, може да се види како Јасемин со солзи во очите го прегрна своето бебе, додека сѐ уште е во болнички кревет и се опоравува од повредите со кои се здобила за време на катастрофата.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допи... Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Фи...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Србинка во 8-иот месец од бременоста критикувана за малиот стомак: „Се здебелив само 3kg и не, не ѕи... „Бебето ми тежи близу 2kg и не не сакам да родам бебе од 1.5kg само заради убави...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg