- Детали
-
четврток, 30 март 2023
-->
Ми се допадна Ана Дорник затоа што е жена која се соочила со рак на дојка, а сепак испрати моќна порака дека во животот најпатетично е да глумите жртва, дека треба да ги земете конците во свои раце, да не се вадите на судбина и вие сами да ја креирате својата судбина.
Вчеравечер (29.03) во хотелот Александар Палас македонската публика имаше можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест.
-->
Таа ја промовираше својата автобиографска книга „Ти си таа“, а гостинка на настанот беше нашата Лила Филиповска.
Зошто Ана ми остави навистина силен впечаток?
Прво, затоа што вчервавечер изгледаше како холивудска дива со перје, светки, тренди панталони, а не како жртва.
Говореше толку емотивно што допре до срцата на секој еден од публиката, дури и на оние кои не се во битка со оваа тешка болест, туку си имаат некоја своја животна битка.
Беше искрена за 16-те години кога била Ана каква што не сакала да биде и каква што никогаш не се прифатила, но по дијагнозата станала Ана, која што сакала да биде и на патот притоа се ослободила од луѓето кои не сакале да ја прифатат новата верзија од неа.
-->
-->
Ги спомена децата кои тогаш ѝ велеле дека нема потреба да биде хероина секогаш и во ред е секој некогаш во животот да биде слаб.
-->
Таа е гласот на жените кои се борат со рак во Србија, работи на тоа да бидат слушнати и нивните права да бидат остварени.
Наградувана е за тоа што го работи, затоа што го работи тоа што го сака со срце и душа.
-->
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: