Сопругот ѝ почина од рак, се повлече од глумата во најголемата популарност – Животот на Џина од „Среќни луѓе“
- Детали
- сабота, 08 април 2023
Српската актерка Југослава Драшковиќ, за многумина и денес е Џина, како ликот кој го играше во серијата „Среќна луѓе“ со која се прослави. Иако многумина ѝ предвидуваа блескава кариера, таа среде најголемата популарност се повлече од глумата и се посвети на семејството.
Југослава Драшковиќ уште од своето прво појавување во серијата „Среќни луѓе“ стана миленичка на српската публика.
Многумина ѝ предвидуваа голема кариера, многу улоги и награди. Но, среде најголемата слава, таа одлучи да се пензионира.
Југослава се омажи за економистот Зоран Цветановиќ, со кој ја доби ќерката Маша.
Таа живееше мирен и среќен живот со сопругот сè до моментот кога тој почина од рак на белите дробови.
Љубовта на Југослава и Зоран почнала случајно, откако се запознале на скалите во зградата во која живееле и двајцата.
„Го запознав Зоран во 1994 година, кога ја добив улогата на Џина. Живеевме во иста зграда, бевме соседи. Тој скоро секој ден ме следеше по скалите. Го забележав, а и тој мене.
Многу подоцна ми призна дека си мислел: ’Боже, каква убава девојка, но какви грди чевли носи‘. А јас во тој период ги обожавав оние чевли со четвртеста потпетица“ - рече во едно интервју актерката.
Таа признала дека Зоран целосно ѝ го сменил животот и дека покрај него се чувствувала сакана и безбедна.
„Освен во домот на моите родители, кој во еден момент го напуштив, не знаев што значи заедништво и припадност додека не го запознав Зоран.
Кога првпат ми рече 'ние', целосно ме фати неспремна. Ми требаше долго време да се навикнам на тоа 'ние', но кога се навикнав, веќе не бевме разделени“ - вели Југослава.
Со сопругот основале продукциска куќа, па наместо да глуми, Југослава се фокусирала на продуцирање и снимање филмови.
Дури и откако лекарите на Зоран му дијагностицирале рак на белите дробови, тој не сакал да се откаже од заедничката работа и проектите што ги подготвувале.
„Не се откажа од идејата да го подигне српскиот филм на заслужениот пиедестал дури и кога му беше дијагностициран ракот.
Тој отиде на преглед поради упорната кашлица, убеден дека се работи за бронхитис. Но, и кога му кажаа што е, тој не сакаше да забави, туку да забрза.
Таа година и пол, колку што траеше сè, работев без престан, туркајќи го него, себе, другите. Верував дека ќе победиме се“ - изјави Југослава по смртта на сопругот.
Таа вели и дека Зоран се обидел да ја подготви за неговата смрт, но таа не сакала да прифати дека тој ќе почине.
„Лекарите ми велеа дека не сум свесна за ситуацијата, а јас им одговарав дека има надеж додека тој дише, не сакав да мислам поинаку“ - раскажа таа.
По смртта на Зоран, Југослава продолжила да живее со болката.
„Тој остави толку многу траги. Се тешам дека ќе помине оваа болка“ - рече Југослава.
А. Ј. | Црнобело