Изневерени, физички малтретирани: Познати Србинки кои се мажеле и по трипати
- Детали
- вторник, 28 март 2023
Сите ја знаат третата голема љубов на легендарната Милена Дравиќ – тоа е актерот Драган Николиќ. Се запознале на филмски сет во 1971 година и беа навистина гламурозен пар на кој Србија, па и целиот регион му се воодушевуваше. За жал, двајцата починаа.
Овие жени не се откажале од љубовта во ниту еден миг и биле подготвени одново да си дадат шанса да бидат во врска, иако претходните бракови не им успеале.
Кои славни дами од регионот имаат и по три брака?
Милена Дравиќ
Легендарната филмска дива Милена Дравиќ во 1960 година се омажила за режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ, но нејзината голема слава во тој период довела до тоа парот да се раздели.
„Во тоа време таа беше голема ѕвезда и кога забележав дека ѝ пречам и дека според многу работи не сум човек за неа – пријателски се разведовме“ - изјави Ѓорѓевиќ во една пригода.
Нејзиниот втор сопруг исто така бил режисер, но ненадејно починал на 34 години во својот стан во Белград во до денес неразјаснети околности, наводно од срцев удар.
Сите ја знаат третата голема љубов на Милена – тоа е легендарниот актер Драган Николиќ. Се запознале на филмски сет во 1971 година и беа навистина гламурозен пар на кој Србија, па и цел регион му се воодушевуваше. За жал, двајцата починаа.
Лепа Лукиќ
Познатата народна пејачка првпат се омажила на 23 години за Тома Лукиќ, чие презиме го задржала и по разводот. Нејзино моминско име било Мушовиќ.
Во брак биле 7 години, а потоа следувал бурен развод. Лепа подоцна говорела дека Тома бил многу љубоморен, па дури и насилен кон неа.
Потоа, таа се омажила за својот менаџер Владо Перовиќ, но бракот завршил кога го фатила во кревет со друга жена.
Третиот брак ѝ траел најдолго – односно 18 години. Била во брак со Милан Милановиќ, кој бил по потекло од Јагодина, каде и често престојувал, а пензија дочекал во Канада, занимавајќи се со приватен бизнис. Починал во 2019 година.
Светлана Бојковиќ
Маестралната актерка се омажила на 21 година за Милош Жутиќ, актер. Со него ја добила ќерката Катерина.
Нејзина втора љубов бил режисерот Љубомир Муци Драшковиќ, а Светлана откри дека во заедница со него влегла пред разводот со Милош, но официјално се венчале дури во 1990 година. И Љубомир од својот брак излегол на ист начин како и Светлана.
Нејзиниот втор сопруг починал во 2004 година, а третата среќа ѝ била со дипломатот Славко Круљевиќ, кој долго живеел во Њујорк.
https://www.instagram.com/p/CmKc8R5LKFc/
Зорица Брунцлиќ
Пејачката, позната по моќниот вокал, трипати има стапувано во брак и тоа со музичари.
Првото дете, ќерката Марија, ја родила на само 18 години во вонбрачна заедница со маж чиј идентитет никогаш не го откри.
Прв сопруг ѝ бил хармоникашот Зоран Тутиќ, кој бил одговорен на оркестарот со кој таа настапувала во тој период. Од бракот со него добила син.
Потоа, се вљубила повторно во хармоникаш, од кој има ќерка.
Но, изгледа на Зорица слабост ѝ се хармоникашите, а нејзина најголема и судбинска љубов станал Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, со кој е во среќен брак од 1985 година.