Татко ѝ ја силувал на 15 години, сакала да се самоубие – Тешката животна приказна на турската актерка Мелиса Донгел
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
Турската актерка Мелиса Донгел ја шокираше јавноста со признанието дека нејзиниот татко ја силувал и сексуално ја злоупотребувал. Таа откри дека сè се случило кога таа имала само 15 години. Иако ѝ кажала на мајка си, таа не ѝ поверувала, па Мелиса пробала да се самоубие.
Мелиса Донгел (23) денес е една од најпознатите млади турски актерки. Глумеше во сериите „Елиф“, „Hangimiz Sevmedik“ и „Ask Mantik Intikam“.
Иако секогаш оставала впечаток на среќна и насмеана девојка, Мелиса во 2021 година ја шокираше јавноста со приказната дека нејзиниот татко ја силувал и сексуално ја злоупотребувал.
Таа откри дека сето ова се случило кога имала само 15 години.
Мелиса прво ѝ кажала на мајка си, но таа не ѝ поверувала и ѝ кажала дека не треба никому да не му ги кажува тие работи.
Бидејќи немала поддршка, младата актерка вели дека останала сама во семејниот пекол.
„Уморна сум да живеам преправајќи се дека ништо од тоа не се случило.
Едвај го преживеав детството, а мајка ми не ми веруваше.
Таа ми рече: ’Не оди во полиција, ќе го уапсат татко ти, па ќе го ослободат, и тогаш ќе те убие“ - раскажува Мелиса за турските медиуми.
Покрај сексуалното насилство, татко ѝ физички го малтретирал целото семејство, редовно ѝ удирал шлаканици и ја тепал. Во една прилика тој ѝ ја скршил раката.
„Во нашата куќа секогаш имаше насилство. Ни удираше шлаканици за сè, за секоја ситница. Ми ја скрши раката затоа што отидов во парк со другарка ми“ - открива Мелиса.
Таа рекла дека се плаши за својата помала сестра, па затоа го тужела својот татко за сексуално насилство, а од судот побарала да добие и старателство за помалата сестра.
На судењето Мелиса раскажала дека почнала да работи на многу млада возраст за да не биде дома. Таа пробала и да се самоубие бидејќи мајка ѝ не ѝ верувала.
„Се обидов дури да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев примена во болница поради повредите од татко ми. Потоа застанав и се запрашав: 'Зошто си го правам тоа себеси?'“ - рече таа.
И нејзината мајка на судењето признала дека не ѝ поверувала на својата ќерка.
„Мелиса пред две години ми кажа дека татко ѝ ја малтретирал, но јас не ѝ верував, бидејќи не видов“ - рекла таа.
Во приказните на Мелиса не поверувале и некои од роднините на нејзиниот татко. Тие ја обвинија дека измислува работи.
Но, по сите изнесени докази, нејзиниот татко е осуден на 15 години затвор, а Мелиса доби огромна поддршка од турската јавност и колегите.