Бојана Тодоров: „Зошто бев пресреќна кога одлучив од Србија да се преселам во Норвешка?“
Имаат добро образование, имаат 5 седмици одмор, од кои 3 во лето, патуваат многу, поставуваат шатори, пливаат, но и читаат книги, волонтираат, шетаат итн. Празниците важат за сите, во недела речиси ништо не работи, луѓето имаат време за себе, децата постојано си играат надвор...
Од нив научив да не брзам и да сум смирена дури и кога чекам во ред.
Мана им е што не се креативни со готвењето, јадат најчесто хот дог, пица и такоси и треба да бидат малку поотворени како личности.
Но, никогаш не се покајав што се отселив од Србија и дојдов во Норвешка. Тука се родив одново и сфатив колку всушност во Србија е гласно, стресно и хаотично.
Сите се со слушалки во јавен превоз, има електрични автомобили, на поголем дел од местата стигнувам пешки... Ми годи мирот тука.“
Повеќе фотографии од животот на Бојана во Норвешка:
С. С. | Црнобело