Бојана Тодоров: „Зошто бев пресреќна кога одлучив од Србија да се преселам во Норвешка?“

„Никогаш не се покајав што се отселив од Србија и дојдов во Норвешка. Тука се родив одново и сфатив колку всушност во Србија е гласно, стресно и хаотично...“, раскажува Бојана Тодоров, по професија фармацевт, која од 2019 година живее во Норвешка (по неуспешната потрага по добра работа во Србија).

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-01.jpg

Бојана Тодоров, по професија фармацевт, од септември 2019 година живее во Норвешка. Таа со сопругот, незадоволна од условите во нејзината родна земја, одлучила да гради иднина во една од најсреќните земји на светот.

На темата зошто се преселила од Србија, Бојана за српските медиуми открива:

„Првата помисла за преселба ми падна на ум кога безуспешно барав работа на државно цели 6 месеци, па се вработив во приватна компанија, па се соочив со навистина лоши услови. Тестирав дали е до мене или системот, променив неколку работни места, но секаде беше лошо.

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-02.jpg

Потоа си реков себеси дека мора да преземам нешто, затоа што не се гледам себеси во вака ужасни услови да работам до пензија. Не ми беше вреднуван вложениот труд.

И кога ја донесов таа одлука, се чувствував одлично, како да го преземав животот во свои раце. Бев среќна што ќе направам нешто за да ми биде подобро.

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-03.jpg

Потоа, моите преведени дипломи ги испратив во Норвешка, а во тој период го учев јазикот. И така еден ден бев повикана на онлајн интервју и по два дена добив мејл со понуда за работа и веќе во септември 2019 година бев во Норвешка.

Потоа, отпатувавме и нè пречека навистина топло време, нетипично за оваа скандинавска земја во тој период од годината.

На почетокот со сопругот не бевме свесни што ни се случува, ни се чинеше дека сме отишле туристички, дека сме дошле да прошетаме, а не да живееме.

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-08.jpg

Минував низ разни фази на привикнување на животот таму, но моето воодушевување од оваа земја само растеше.

Најпријатниот ‘шок’ ми беа насмеаните лица секаде околу нас, од продавници, ресторани до улица, едноставно тоа ве заразува и вие почнувате да го правите.

Нивната смиреност, чекањето во ред, како дел од културата, мирот и тишината, никој не труби во сообраќај, соседите речиси и не ги слушате, имате чувство дека сте изнајмиле куќа за одмор, а всушност живеете во град.

Најтешко ми беше да се навикнам на нивните дијалекти, кои ги има преку 800, но Норвежаните си зборуваат на својот дијалект, па дури и да разговараат со кралот. Тоа е дел од нивниот идентитет и горди се на тоа.

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-04.jpg

Друго нешто што ме нервира во Норвешка е дождот, дури и во летните месеци. Кога има снег, знае да биде и до минус 20 Целзиусови степени, но некогаш токму во февруари одиме во Србија за да ни помине побрзо зимата, а некогаш дури и на дестинации како Египет.

Зимите Норвежаните најчесто ги минуваат на Канарските острови, Шпанија, Тајланд, Занзибар и други топли краеви и веќе во пролет сè е прекрасно – тогаш не сакате да се приберете дома.

bojana-todorov-zoshto-bev-presrekjna-koga-odluchiv-od-srbija-da-se-preselam-vo-norveshka-05.jpg

Норвежаните исклучително го почитуваат туѓиот мир, многу одат во природа и тоа кајакарат, возат велосипеди, планинарат, скијаат, тренираат, без оглед на годините. Јас одам на аеробик со баби и дедовци од 70, 80 години.

Важат за едни од најсреќните луѓе на светот поради тоа што имаат сигурна држава, добра заработувачка, рано купуваат недвижнини затоа што сигурноста им е многу важна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
Некогаш ја поврзуваа со Нејмар и Душко Тошиќ, денес е мајка и живее во луксуз – Каде е и што прави С... Пораснала во дом за деца без родители, стана славна во реално шоу, а потоа ја по...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
„Мислеше дека сум милионер, а јас живеев во распаднато студио“: Мили за љубовта со згодната сопруга „Ја прашав дали има дечко и ми кажа дека е во врска. Веднаш ѝ кажав: Види, плано...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg