Српскиот претставник на Евровизија: „Имам ментално нарушување, во себе имав мал демон што не ми даваше да настапувам“

„Имам ментално нарушување заради кое имам слаба свест за стварноста. Мојата состојба стручно се нарекува F23.8, всушност нема посебно име, а е слично со гранично нарушување на личноста“ - откри српскиот претставник на Евровизија, Лук Блек.

srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-imam-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-imam-slaba-svest-za-stvarnosta-01.jpg

Изборот на Лук Блек за српски претставник на Евровизија во голема мера ја изненади тамошната јавност, а пејачот кој годинава треба да отпатува во Ливерпул не престанува да ја бранува јавноста со своите изјави.

srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-imam-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-imam-slaba-svest-za-stvarnosta-02.jpg

Лука Ивановиќ, кој на јавноста ѝ е попознат како Лук Блек, деновиве отворено зборуваше за својот приватен живот и откри дека има сериозно нарушување на личноста.

„Пред пет години одлучив дека не сакам веќе да се занимавам со музика. Бев разочаран од публиката во Србија, затоа што не ме прифатија.

Инаку имам ментално нарушување заради кое имам слаба свест за стварноста. Мојата состојба стручно се нарекува F23.8, всушност нема посебно име, а е слично со гранично нарушување на личноста.

srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-imam-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-imam-slaba-svest-za-stvarnosta-03.jpg

Да се вратиме на темата. Му пуштив на татко ми да слушне некои мои песни и му реков дека морам веднаш да одам во Англија.

Сонував да студирам таму, но кога имав 18 години тоа не можевме да си го дозволиме, па на 27 одлучив да се запишам на универзитет“ – вели тој.

srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-imam-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-imam-slaba-svest-za-stvarnosta-04.jpg

Лук тврди дека имал многу голема трема од јавните настапи во минатото, а според него, за тоа е виновен некој мал демон што не му дозволува да настапува.

„Сакав да го победам (тој демон). Тоа беше мошне голем предизвик за мене и ментално и физички, но на крајот се пријавив и победив“ – рече тој за Popjustice.

Лук откри и дека честопати му се случува да ги фотошопира фотографиите на социјалните мрежи и најчесто ја бои облеката што ја носи, затоа што нема секогаш пари за да си купи нешто ново.

srpskiot-pretstavnik-na-evrovizija-imam-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-imam-slaba-svest-za-stvarnosta-05.jpg

Тој откри дека пластичниот јастог што се шета со него, го нарачал онлајн една вечер додека бил пијан, па заборавил. Кога стигнала пратката тој бил преплашен.

„Неколку дена не можев ниту да го допрам. Не бев само јас драматичен заради 'миленикот', туку и мојот цимер“ – вели Лук.

Инаку, во Србија се поделени мислењата на јавноста околу изборот на Лук Блек за претставник на Евровизија, додека едни сметаат дека тој заслужил да оди во Ливерпул, други тврдат дека победил само затоа што е внук на Констракта.

Прочитајте и Констракта му е идол, се шета со пластичен јастог – Лук Блек e српскиот претставник на Евросонг 2023

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српската претставничка за впечатоците од Евровизија 2024: „Бев еднаш и никогаш повеќе“ Српската претставничка за првпат даде изјава за медиумите откако се врати од Шве...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg