Новак со погрешно закопчана кошула ја пее „Јутро је“, Јелена не престанува да игра – Семејството Ѓоковиќ го прослави доаѓањето на внукот (видео)
- Детали
- четврток, 23 март 2023
Марија Микиќ пееше бремена на прославата, Јелена Ѓоковиќ не престанува да танцува, а Новак Ѓоковиќ се забавува со пријателите и роднините, а очигледно песната „Јутро је“ го погоди, па воопшто не водеше грижа за тоа како изгледа.
Братот на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, вчера (23.03) стана татко, а семејството приреди голема веселба по тој повод.
Неговата сопруга Сашка Веселинов на свет донесе здраво машко дете кое ќе се вика Александар.
На социјалните мрежи се споделуваат видео снимки на кои се гледа дека семејството не штедело на прославата што се одржа во големата семејна куќа во близина на Рума, а на едно од видеата, Новак е во фокус со погрешно закопчана кошула.
Како што може да се види, на прославата им пееле Александра Пријовиќ и бремената Марија Микиќ, а семејството Ѓоковиќ не ја крие радоста за доаѓањето на најновиот член.
Прочитајте и Стапија во брак боси на плажа, Новак пееше со Саша, а гостите правеа склекови – вториот ден од свадбата на Ѓорѓе и Сашка Ѓоковиќ (фото)
Погледнете го видеото во продолжение:
Big celebration for Djokovic family 😍
Uncle Novak is super happy ❤️
Instagram Jokarica89 pic.twitter.com/cwtIyC8hUB-->-->— michel_itsme (@itsme_michel) March 22, 2023
Б. С. Б. | Црнобело