Борис Новковиќ се разведува по четврти пат – детето со 25 години помладата сопруга не им го спаси бракот

Во 2020-та година рекоа дека се обидуваат да го спасат бракот и најавија дека чекаат уште едно дете. Сега, 3 години подоцна, хрватските медиуми пишуваат дека Борис Новковиќ се разведува по четврти пат и дека неговата 25 години помлада сопруга го избришала неговото име од поштенското сандаче и од вратата на семејниот дом.

boris-novkovikj-se-razveduva-po-chetvrt-pat-25-godini-pomladata-sopruga-go-izbrishala-od-socijalnite-mrezhi-i-od-poshtenskoto-sandache-01_2.jpg

Хрватскиот пејач Борис Новковиќ е во брак со 25 години помладата манекенка Ирис Вулф, но според пишувањата во балканските медиуми, веројатно е дека тој ќе се разведе по четврти пат.

Борис (55) и Ирис (30) заедно имаат две деца, а за кризата во нивниот брак почна да се шпекулира уште во 2020-та година кога тие двајца почнаа да живеат одвоено, а манекенката одлучи да се врати на работните ангажмани.

Но, набрзо по избувнувањето на пандемијата, парот објави дека ја надминале кризата и дека очекуваат второ дете. Во април 2021-ва година го добија синчето на кое му дадоа необично име, Нео.

„Ние се обидуваме ова да го спасиме на наш начин“ – рече тогаш Борис Новковиќ во изјава за медиумите.

Освен синот, тие имаат и 3-годишна ќерка која се вика Си.

Инаку, од 2020-та година Борис престана да ја следи својата сопруга на социјалните мрежи, а престана да објавува и заеднички фотографии со неа.

Хрватскиот весник 24sata пишува дека соседите на познатиот пар одамна не ги виделе заедно, а на вратата и на поштенското сандаче во домот каде живее сопругата, веќе не стои презимето Новковиќ, туку само Вулф.

Парот ја започна врската во 2019-та година, а Борис претходно бил во брак и со Луција Матиќ со која има две деца, но и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ и политокологот Инес Катиќ.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg