Новиот Volvo V60 достапен за тест возење во Volvo Cars Macedonia
На средба со медиумите, тимот на Volvo Cars Macedonia соопшти дека во гамата на возила достапни за тест возење е додаден новиот V60.
Претставен на светско ниво под слоганот „Создаден за генерации“, клиентите во Македонија сега ќе имаат можност да се уверат во тоа. Овој автомобил на нашиот пазар веќе се продава по цена од 47.300 евра со дизелски агрегат и моќност од 150 коњски сили. Бескомпромисниот дизајн и изработка се веќе препознатливи за Volvo, а во него може да ги добиете или одберете најновите технолошки остварувања на брендот, како и висок степен на можности за персонализација според Ваш вкус.
Сите заинтересирани да го погледнат и почувствуваат моделот се добредојдени во Volvo Cars Macedonia на ул. Перо Наков бр.25.
Како и секогаш, тест-возење можете да закажете онлајн на: https://premiumags.volvocentar.mk/test_drive
Наскоро: нов VOLVO CENTAR во Македонија
Покрај најавата за V60, од Премиум АГС соопштија дека изградбата на новиот Volvo Centar е во завршна фаза и наскоро најавија датум за официјалното отворање на првиот салон на Volvo Cars во Македонија изработен според светските Volvo стандарди. Со ова, Македонија конечно ќе добие рамноправно место на светската мапа на Volvo Cars и ќе ги пречека потенцијалните клиенти во ултра-модерни простории дизајнирани специјално за овој премиум бренд.
Важна информација за сите сопственици на Volvo во Македонија
Се уште е со важност повикот на Volvo Cars Macedonia кон сите сопственици на Volvo автомобили да ги посетат и да добијат бесплатен преглед и компјутерска дијагностика, како и да се запознаат со нивниот нов Volvo сервисен советник.