Новиот Citroën C5 Aircross e добитник на признанието „SUV на годината во Македонија“
Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија вчера ја соопшти одлуката признанието „SUV на годината во Македонија“ да го понесе новиот Citroën C5 Aircross SUV. Истото жири одлучи наградата „Томислав Билјарац“ за 2019 година, за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија, да му биде доделена на Стерули Бураку.
Изборот на автомобил на годината во Македонија годинава се одржува 24. пат и е најстара манифестација од ваков вид во Македонија. Новиот Citroën C5 Aircross SUV беше дел од манифестацијата како еден од петте финалисти за „Автомобил на годината во Македонија“. Жирито не остана рамнодушно на новиот Citroën C5 Aircross SUV, кој со својот уникатен, енергичен и сигурен настап се издвои од останатите конкуренти.
Тоа е новиот знаменосец на марката, идеален претставник на новите модели од Citroën, SUV од новата генерација, инспириран од очекувањата и од желбите на клиентите. Плени со оригинален и афирмиран карактер, со неповторливи можности за персонализација и 30 комбинации на надворешноста. Како носител на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C5 Aircross SUV е најудобниот во својот сегмент и со најмногу можности за персонализација. Со новото потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња ® и седишта Advanced Comfort, гарантира сосема ново доживување зад управувачот типично за Citroën.
Оригинална модуларност со 3 независни задни седишта, со можност за лизгање, преклопување и накосување, како и багажен простор Best in Class од 580 l до 720 l. Модерен и high-tech, со 20 технологии за помош при возењето меѓу кои Highway Driver Assist, уред за автономно управување од второ ниво или, пак, Grip Control со Hill Assist Descent за успешно совладување на секаков вид подлога, 6 технологии на поврзување, меѓу коии безжичен полнач за смартфон.
Новиот Citroën C5 Aircross SUV, кој се произведува во Франција, во фабриката во Рен, во моментов ѝ се претставува на македонската публика, со цена веќе oд 19.990 €, а во Европа брои над 120.000 нарачани возила. Истиот е и меѓу финалистите на изборот за „Автомобил на годината за Европа – 2019“. Кон крајот на 2019 се очекува да биде првото возило на Citroën кое на европскиот пазар ќе нуди верзија Plug-In Hybrid PHEV.
Наградата „Томислав Билјарац“се доделува втора година, за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија, а во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија. Наградата оваа година повторно оди во вистински раце, кај г. Стерули Бураку, кој сиот свој работен век го посветува токму на автомобилската индустрија и на нејзиното достојно и професионално претставување како на македонскиот пазар така и пошироко во регионот. Тој е основач на„Автонова“ – ексклузивниот увозник за возилата Citroën за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и на компаниите „Аутомобили груп“ – ексклузивен увозник за Jaguar Land Rover возилата и „Аутомобиле СК“ ексклузивен увозник за Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo и Јееp возилата, која слави 22 години присуство на пазарот.