10 грешки кои ги прават повеќето луѓе кога купуваат нов автомобил

Не пресудуваат дали им е важен престижот на автомобилот или техничките карактеристики

Ако ви дозволува приходот и ако автомобилот треба да говори за вашиот социјален статус, тогаш одберете некој од врвна класа.

Во сите други случаи фокусирајте се на техничките карактеристики и цената.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-07.jpg

Не го проверуваат автомобилот детално

Кога купувате автомобил не се потпирајте комплетно на зборовите од продавачот. Без разлика колку е способен, тој има личен интерес да ви го продаде автомобилот и сигурно нема да ви ги посочи недостатоците.

Затоа пред купувањето, соберете колку што е можно повеќе информации за тој модел, консултирајте се со независен специјалист и задолжително направете тест возење.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-06.jpg

Ги прескокнуваат акциите и попустите

Најдобро време за купување автомобил е од декември до март. Во овој период се најголемите попусти и специјални понуди.

Исто така, автомобилите купени на крајот на годината често имаат пријатен бонус и одговараат во поглед на опремата на моделот од наредната година, а се поевтини.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-05.jpg

Не се обидуваат да ја симнат цената

Кажете дека имате понуда од друга компанија која ви нуди сличен, но поевтин автомобил, одолговлекувајте и така обидете се да ја симнете цената.

Конкуренцијата кај автомобилските компании е голема и ова е добар начин да заштедите пари.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-04.jpg

Брзаат со купувањето

Избрзаната одлука може да ви донесе низа негативни последици, затоа не брзајте со купувањето на автомобилот. Потрошете доволно време на собирање информации, консултирајте се со луѓе кои купувале неодамна, тестирајте го автомобилот и споредете ги предностите со недостатоците.

Исто така, ако сакате да разгледате некој автомобил појдете во салонот на крајот од работното време кога нема толку вработени и преголемо внимание врз вас и детално разгледувајте.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-06.jpg

С. С. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg