10 грешки кои ги прават повеќето луѓе кога купуваат нов автомобил

Од недоволно информирање до не помислување на препродажбата што евентуално ќе дојде, возачите често сами си удираат по џебот при купувањето на автомобил.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-01.jpg

Според општите светски статистики возачите менуваат автомобил на секои 6 години.

Ова е долго време и сигурно сакате времето кое го минувате во друштво на вашиот „метален пријател“ да биде колку што може покомфорно и финансиите потрошени за негово одржување да бидат сведени на минимум.

За да стане тоа реалност треба да бидете внимателни при изборот на автомобил што ќе го купите.

Најчести грешки кои ги прават повеќето луѓе кога купуваат нов автомобил:

Не мислат на препродажба

Сигурно ќе дојде миг кога ќе одлучите да го продадете автомобилот, па пред да купите автомобил треба да размислите за важните детали.

Најважно е да одберете бренд на автомобил кој е популарен кај возачите, а потоа и на бојата. На пример портокалов автомобил ќе продадете многу потешко, отколку бел, црн или металик.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-03.jpg

Бираат автомобил само според цената

Поголемиот дел од луѓето обрнуваат внимание само на цената, а забораваат на идните трошоци за одржување, сумата што треба да се плати за осигурување итн.

Со текот на годините трошоците се зголемуваат и тоа не секогаш ќе можете да го покриете со вашата плата. Затоа кога купувате автомобил направете проценка дали ќе ви биде економичен и во иднина или ќе се претвори во главоболка за целото семејство.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-11.jpg

Ја преплаќаат дополнителната опрема

Пред купувањето треба да размислите колку од таа дополнителна опрема ви е навистина потребна затоа што цените на автомобилите драстично растат од дополнителните опции, а некои од нив нема воопшто да ги користите.

На пример многу возачи не пушат во автомобилот, па во тој случај пепелникот и запалката во него ви се непотребни. Ова важи и за многу други опции, освен, се разбира, за безбедносните мерки, на нив не смеете да штедите.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-10.jpg

Купуваат автомобил кој штотуку излегол од производство

Обидете се да не го купите најновиот модел. Првите 3 години по производството на одреден тип на автомобил, компанијата собира информации за неговите недостатоци, прави подобрувања и го прави автомобилот подобар од претходната верзија.

Најдобар избор е автомобил кој е на пазарот повеќе од 3 години.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-09.jpg

Купуваат автомобил со погрешна големина

Кога бирате автомобил не треба да размислувате само за тоа каков ви се допаѓа, туку да обрнете внимание и на неговата функционалност. Дали често одите во природа и водите големо друштво со вас или можеби наскоро планирате да имате деца?

На пример ако ви е потребен градски автомобил за на работа, тогаш добро е да биде помал затоа што ќе ви биде полесно за паркирање и ќе троши помалку бензин. Но, ако имате големо семејство и многу патувате, тогаш одберете нешто поголемо.

10-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koga-kupuvaat-nov-avtomobil-08.jpg

Уште 5 грешки на следната страна...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg