Трикови за автомобилот кои ќе ви бидат од корист во секоја ситуација
Оние кои возат автомобил редовно, често се соочуваат со одредени проблеми, за кои им се потребни брзи решенија.
Не секогаш сме во можност да го носиме возилото на сервис, а многу често не ни има потреба од тоа.
Доволно е само да знаете неколку трикови кои ќе ве спасат во различни ситуации со кои можете да се соочите.
Запомнете ги следниве трикови и применете ги во наредна прилика:
1. Пастата за заби ќе ви помогне да ги исчистите пожолтените фарови. Истискајте малку паста и поминете со крпа, а потоа исплакнете со вода. Ако се многу валкани, повторете неколку пати.
2. За да не ви се замаглуваат стаклата во зима, пребришете ги со пена за бричење.
3. Обичната штипка за хартија може да послужи како држач за телефон во автомобилот.
4. Ако при брзо возење, летне каменче и направи мала пукнатина на шофершајбната, лесно може да се залепи со проѕирен лак за нокти. Ова не е трајно решение, туку додека да стигнете некаде каде што сте тргнале безбедно.
5. Средство за дезинфекција на раце може да помогне да отворите замрзната квала. Намачкајте ја бравата и почекајте неколку минути. Алкохолот ќе го одмрзне мразот и вратата ќе се отвори.
6. Истурете етерично масло на штипка за закачување облека и закачете ја на отворот на парното, па така мирисот ќе се рашири низ цел автомобил.
7. Секогаш чувајте во автомобилот лимон кога одите на пат. Кога ќе почувствувате дека сонот почнува да ве совладува, ставете парче лимон под јазикот, а киселината ќе ве расони и ќе продолжите безбедно да возите.
М. М. | Црнобело