Златко Јовановски, наш моден дизајнер: „Ме нервираат Македонките кога глумат лажно скромни, ако сакаш да светиш – свети“

Имаше една интересна соработка со Македонка во „Ѕвездите на Гранд“? Колку ова те прослави во регионот и колку имаше одврзани раце со неа? Која беше најчудната креација?

Искрено ме прослави доста во регионот, бидејќи моето име се спомна во ударен термин на телевизија, кога сите се пред малите екрани.

Посебно гласот на Јелена Карлеуша во тоа регионално шоу најдалеку и најгласно се слушаше, и токму она праша за моја креација „Кој дизајнер се крие позади таа висока мода?!“

Тоа е реклама што нема цена. Ама вистина.

Јас, морам да кажам дека имав потполна слобода во костимите на Марија Груевска. Одевме на сè или ништо.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-14.jpg

Заедно јас и таа охрабривме многу други натпреварувачи да бидат посмели во стајлингот.

Креација што најмногу го отсликува мојот бренд е оној златен широк фустан со голема круна на глава по кој и сите ја запаметија, а најексцентрична креација дефинитивно ни било пресоблекувањето од калуѓерка во бурлеска секси костим.

Тоа беше шок и бум за сите.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-15.jpg

Дали имаш редовни клиентки, кои постојано купуваат креации од тебе?

Нормално дека имам, но имам и клиенти препорачани од постојаните. Па, мора од нешто и да се наполни фрижидер и да се платат сметки.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-03.jpg

За која македонска дама би сакал да креираш, бидејќи те инспирира со својот стил?

Искрено за Каролина. Значи таа е КАРОЛИНА нашата најголема ѕвезда, име коешто полни 100 филхармонии, за нејзини концерти се тепаат луѓе за карта плус, и она на сцена излегува во стајлинг како за административна работа. Ох, не!

Јас Каролина сум ја сретнал многупати низ град, верувајте она низ град личи многу помладо и покул отколку на сцена.

Таа сама кога се облекува преку ден е супер. Притоа е витка и висока, на неа ништо не може да изгледа евтино.

Јас ја сакам нејзината музика, сум ѝ бил 100 пати на концерт и сум уживал… во она што сум го слушал. Дефинитивно мора да го смени стилот за на сцена.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-06.jpg

Имало ли незгоди, да пукне патент на креација или да биде незгодна за носење, па да правиш преправки?

Упс, да! Се случува да пукне патент… ако сме имале време, го менуваме, а ако нема време, ја шиеме на самото место и потоа нема одење во тоалет.

Незгодна за носење?!? Аууу, па ја не правам пижами за да бидат удобни, ниту пак капути да ве стоплат. Тоа се „haute couture“ креации, сите ќе се воодушеват кога ќе ве видат, вие ќе трпите за да бидете „WOW“ и тоа е тоа.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-16.jpg

На колку проби доаѓаат кај тебе, пред да ја подигнат креацијата и колку време правиш еден фустан?

Не сакам да ги малтретирам моите клиенти да доаѓаат по 100 пати во ателје, денес сите сме со фул агенда и обврски.

99% од креациите по нарачка ги завршуваме со една проба евентуално две.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-02.jpg

Притоа имаме клиенти од многу градови, имаме разбирање околу нивното доаѓање во ателјеата во Тетово или Скопје.

А имаме и доста креации со достава насекаде во светот. Тие не направиле ниту една проба, а креацијата им прилегала совршено. За тие сум посебно горд.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-04.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

По ампутацијата на двете нозе, Златко од Виница повторно вози автомобил: „Командите се на воланот, о... „Земав часови за возење со рачни контроли за гас и сопирачка. Воопшто не ги кори...
„Никогаш нема да го заборавам денот кога вторпат проодев“: Златко од Виница по ампутацијата на нозет... „Кошарката прво беше терапија, но добив понуда да учествувам на божиќниот камп в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg