Златко Јовановски, наш моден дизајнер: „Ме нервираат Македонките кога глумат лажно скромни, ако сакаш да светиш – свети“

Најчудната креација што си ја направил досега е…

Имало многу, но би ги издвоил огледалните маски за ревијата во Белград во 2016 година.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-02.jpg

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-01.jpg

И ти самиот имаш навистина специфичен модел стил… Како би го опишал?

Фала… Јас специфично се облекувам и специфично творам. И тоа мора да е така, како јас да го продадам мојот екстравагантен продукт, ако ја сум здодевен? Мислам дека не оди така.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-18.jpg

Јас периодов сум опседнат со некои плетени комплети со впечатлив дезен, потоа обожавам бунди, во зима јас само и бунда носам, прво затоа што многу топлат, а второ затоа што што и да носите под нив, вие изгледате воодушевувачки.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-17.jpg

Чевли имам околу 100 пара, некои од нив ги носам некогаш, некои само еднаш/два пати и затоа имам некои што ги „утепувам“ од носење.

Јас носам број 46 и многу тешко наоѓам нешто што ми се допаѓа во мојот број. Ете скоро се вратив од Милано и повторно не најдов ништо 46.

Па, често купувам помали 44/45, па ставам ханзапласти, имам плускавци, крв… трпам за убавина.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-09.jpg

Затоа кој дизајнер ги смисли папучите со крзно, Господ здравје да му даде цел живот. Би рекол дека тоа ми е омилено парче облека и моите светкави одела од мојот бренд.

Јас во Дубаи на вечера во Бурџ Халифа светев и блескав повеќе отколку цело Дубаи.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-22.jpg

Колку Македонките се подготвени да експериментираат кога станува збор за модата?

Јас среќавам дами коишто сакаат да експериментираат и има жени што ме обожаваат и купуваат мои креации.

Но, генерално мислам дека е сите се облекуваат слично едни на други, и не знам кај згрешивме, но повеќето глумат скромни и минимал.

Оооооо боже, нема ништо полошо од лажно скромни. Ако сакаш да се пофалиш, пофали се, ако сакаш да светиш, свети, нареди накит, но не – тие се „минимал“. Ох, не можам такви ликови.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-10.jpg

А колку Македонците?

Мажите и експерименти?! Има… ама ретко.

Денес мажите најчесто носат џинс, бела маичка и патики со глава на покоен Карл Лагерфилд и си мислат дека завршиле работа.

Денес меѓу мажите не е популарно кој што носи, се истакнуваат со тоа кој што вози.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-20.jpg

Што си посакуваш на поле кариера за 10 години од сега?

Да си останам вака „будала“ и ненормално креативен како и досега, да не ми ги земе Господ паметот, егото и самодовербата и да издржам да ја работам оваа работа, работа којашто ме прави среќен и исполнет.

Сакам да работам за цел Холивуд, моите креации да ги гледам во престижни магазини и на големи сцени.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-12.jpg

И да… ќе си посакам некоја арапска жена да прати по мене приватен авион, за да ме однесе кај неа за мерки, проба и слично.

А дотогаш ќе продолжам да работам напорно и повторно ќе се прашувам дали да купам некој продукт во маркет од 60 денари или можам да си дозволам некој поквалитетен од 90 денари.

За крај верувајте во себе, затоа што само така ќе успеете! Ваш Јзј – Кралот на светкавото.

zlatko-jovanovski-nash-moden-dizajner-me-nerviraat-makedonkite-koga-glumat-lazhno-skromni-ako-sakash-da-svetish-sveti-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

По ампутацијата на двете нозе, Златко од Виница повторно вози автомобил: „Командите се на воланот, о... „Земав часови за возење со рачни контроли за гас и сопирачка. Воопшто не ги кори...
„Никогаш нема да го заборавам денот кога вторпат проодев“: Златко од Виница по ампутацијата на нозет... „Кошарката прво беше терапија, но добив понуда да учествувам на божиќниот камп в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg