Талентирана Македонка слика прекрасни уметнички дела (фото)
- Детали
- вторник, 14 април 2020
Душица Димитрова вели дека првата четка си ја купила во Шангај... Некое од нејзините дела сигурно ќе посакате да се најде во вашата соба.
Душица Димитрова од Гевгелија е една од оние девојки чиј Инстаграм профил не дава лажна слика за начинот на живот, туку дава реална слика на еден вистински талент.
Оваа девојка креира прекрасни уметнички дела и вели дека полесно ѝ е да ја наслика љубовта кон сликањето, отколку да ја опише.
За својата љубов кон уметноста и за тоа од каде пронаоѓа инспирација таа за CRNOBELO.com вели:
„Самото постоење е инспирација за мене. Оттаму извира себе-сликањето низ убавината на боите и давањето форма на бесформното, безвременото, беспросторното.
Првата четка за сликање ја избрав во 2015 година во една мала уличка во Шангај, додека го спремав дипломскиот труд по економска лингвистика. Низ љубовта што се роди врз првото бело платно, го почувствував „Малиот принц“ во себе, кој трагајќи по други планети, откри цел универзум во себе.
Секој во нас е уметник, сите сме креатори на својот универзум, а сега, и покрај случувањата во светот, ги охрабрувам сите да погледнат во себе, и да (се) живееме љубовно низ секој здив, низ секое трепнување. Секогаш е вистинското време за создавање.“
Дел од прекрасните дела на оваа талентирана девојка:
С. С. | Црнобело