Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата емоција“

„Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' поради креативниот наплив. И секогаш ми фали време и денот ми е краток за да ги довршам“, вели сликарката Елена Поповска за CRNOBELO.com, која зад себе има преку 200 уметнички дела.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-01.jpg

Елена Поповска (38) од Скопје е дипломиран забен протетичар и цели 15 години работела во денталната пракса.

Но, скоро една деценија таа се занимава исклучиво со сликање, „занает“ што го научила самата, и преку кој ја изразува сета своја емоција.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-07.jpg

А тоа резултира со неколку самостојни и групни изложби и уметнички перформанси во живо.

За нејзините почетоци и љубовта кон уметноста, Елена ни раскажа низ разговорот:

Кога почнавте да сликате и како сфативте дека поседувате уметнички талент?

Креативно во боја се изразувам уште од раното детство, на почетоците на моето примарно образование, а талентот беше уловен од моите родители.

Но, мојот ликовен наклон го увиде мојата тогашна наставничка по ликовно и мојот единствен ментор, Лилјана Стаменковска.

На сите натпревари во рамките на нашата земја на кои ме прати, завршував на првото место.

Подоцна следеа учества на натпревари и надвор од нашата земја, каде високо котирав. Мислам дека тогаш сфатив дека навистина поседувам уметнички талент. 

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-10.jpg

Дали талентот ви е наследен или вие сте првата во семејството која слика?

Мојот татко има афинитети за цртање, најверојатно од него сум повлекла ген.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-20.jpg

Дали сликањето е само љубов или професија на која сте ѝ посветени целосно? Се живее ли кај нас од уметност?

Сликањето дефинитивно е моја прва љубов во која уживам цел мој живот, а пијам од нејзиниот извор веќе деветта година како „фул-тајм“ уметник.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-22.jpg

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-05.jpg

Како би го опишале вашиот стил на сликање?

Силен и нежен, енергичен, раскошно шарен, потентен и љубовен со длабоко значење. Барем така велат.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-23.jpg

Што ви е најчесто инспирација?

Животот сам по себе. Сакам да создавам на начин кој се заснова на сè она што има подлабоко значење за мене.

Секое уметничко дело е прозорец кон трансцедентното, заробено во она што е промислено и почитувано или можеби заборавено.

Формата ја следи емоцијата. Интуитивно сликам. Сакам да создавам атмосфера.

Тоа не го правам само за убавина, иако убавината е божествена и без неа човекот не може да живее и таа ќе го спаси светот.

Сакам да создавам енергија и позитивно искуство како темел на креативниот процес кој ќе воспостави комуникација и продуктивен мир со конзументот.

elena-popovska-slikarka-ne-sum-frlila-platno-no-znam-da-go-prerabotam-ako-ne-ja-gledam-istata-emocija-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg