Верица од Струмица вежба фитнес на шипка: „Има негативни коментари, но ова е спорт кој бара голема подготвеност“

Дали танцуваш и на високи потпетици? Дали е тоа потешко или нема никаква разлика?

Танцувањето на високи потпетици е исто дел од Pole fitness, но спаѓа во категоријата Exotic Pole.

Сум пробала, но не танцувам со високи потпетици, бидејќи уште сум во фаза каде што учам.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-12.jpg

Има ли машки што тренираат танц на шипка?

Pole fitness е спорт за секој што сака да го проба, без разлика дали е машко или женско.

Во студиото кај што тренирам има и машки и женски, а поделени сме во групи од почетници до напредни.

Има навистина голема мотивација меѓу сите нас.

Можам да кажам дека таму запознав многу луѓе кои ми станаа пријатели и кои ми се многу голема поддршка, а исто и јас на нив.

И тоа е една од работите што ги сакам и ме исполнува кога одам на тренинг, токму таа дружба и енергија.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-03.jpg

Дали би сакала еден ден да станеш и инструктор?

Секако, иако е уште рано за тоа. Јас би сакала еден ден да станам инструктор и да можам сето тоа што го научив и го учам да го пренесам на другите.

Желбата и амбицијата се тука, а сè друго е прашање на време и трпеливост за да се дојде до тоа ниво.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-11.jpg

Колку музиката е важна при тренинзите? Која ти е омилена песна за тренинг?

Музиката за време на тренинг е исто така многу битна и имам повеќе песни кои ми се омилени за вежбање, но тоа најчесто зависи од самото расположение и од тоа каква музика сакам да слушам во моментот.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-04.jpg

Колку вежбањето на шипка влијае на подобрувањето на самодовербата кај девојките и момците?

Вежбањето на шипка најмногу ја зголемува самодовербата на еден човек, посебно за девојките кои гледајќи си го телото во огледало за време на тренинг ја изразуваат својата женственост.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-07.jpg

Дали некои девојки/момци мислат дека е претешко за нив и по кратко време се откажуваат од тренинзите? 

Многу од оние што кои се запишуваат, по 1-2 месеци се откажуваат затоа што мислат дека е претешко и дека не можат да направат ниедно движење.

Многу од нив доаѓаат со помислата дека уште првиот или вториот месец ќе можат да направат многу работи, сфаќаат дека не е така и се разочаруваат.

Затоа, пак, ќе се вратам на тоа дека овој спорт бара многу трпеливост и дека работите тука се случуваат „бавно ама славно“.

Ништо не доаѓа преку ноќ. Има денови кога ќе можеш да направиш сè, има денови кога едноставното и најлесно движење ќе ти биде најтешко.

И тоа е во ред, секогаш треба да си го слушаме телото.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-115.jpg

Постојат ли натпревари во танц на шипка кај нас и на светско ниво? Имаш ли учествувано?

Постојат натпревари во Pole fitness, но кај нас не се одржуваат.

Има во други земји и досега немам учествувано, но тоа е една од моите желби за во иднина.

https://www.instagram.com/reel/C1ZVVHjrwUI/

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg