Поп Дуле од Битола: „Повеќето верници доаѓаат во црква од помодарство, за свештеници бракот е задолжителен“

Како во секоја професија, сигурно и во вашата постојат интересни анегдоти и смешни случки. Дали можете да ни раскажете некоја?

Секако дека и во мојата професија постојат интересни анегдоти и смешни случки и би издвоил една за која нема да споменувам имиња затоа што можеби е малку и невкусна како шега.

Имено, во една од црквите во кои сум работел досега, во меѓусвештеничкото братство дојде еден млад свештеник, ама многу близок на некој висок црковен чиновник, а оттаму и неговата ароганција кон нас колегите беше очигледна.

Бидејќи постарите колеги не можеа да ја поднесат неговата ароганција (зборувам за ароганција само кон колегите), еден од нив му закажа погреб на арогантниот притоа без да е вистински.

Во тоа време немаше капели за покојните, па ние свештениците одевме во нивните домови за да ја прочитаме првата молитва.

Така и овој млад арогантен колега зеде свеќа во раката, го стави својот епитрафил на вратот и отиде на посочената адреса и заѕвони на ѕвончето.

Му отворила домаќинката и овој ни добар ден ни како сте туку: „Бог да го прости (и името на домаќинот)“, женава го гледала дваесеттина секунди збунето, па му рекла: „Оче да не имате грешка? Домаќинот седи во дневната и гледа телевизија“.

Колегата се вцрвил, се извинил и си заминал. Неколку дена после ова не зборуваше ништо, за потоа да се извини за неговото однесување и да ја научи лекцијата.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-05.jpg

Колку пати едно лице може да биде кум?

Едно лице може да биде кум неограничен број пати. Ако знаеме дека кумот е духовен родител на оној кого го крштева, тоа значи дека родителството нема лимит.

Доаѓаат ли верници да ви се обратат за совет?

Секако дека верниците доаѓаат и се обраќаат за совет и најчесто тие советодавни разговори преминуваат во исповед.

Кои се најчестите грешки кои ги прават верниците во црква?

Постојат многу грешки кои се прават во храмот, меѓутоа тие се од формална природа и затоа што луѓето не знаат што значи влегувањето во светиот храм.

За ова можеби во некоја наредна прилика, бидејќи нема можност да се објасни во кратки црти.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-07_copy.jpg

Се верува дека постојат ситуации каде луѓе биле обземени од некои нечисти сили. Дали како свештено лице во вашата кариера сте виделе такво нешто или, пак, сте помогнале на некого да се избави од тие нечисти сили?

Сум бил сведок (директен учесник) во очистување на обземени од нечисти сили. Но, за тоа не би зборувал многу.

Колку е важно човек да се исповеда?

Исповедта е духовно чистење или „миење“ на душата и тоа треба да се прави најмалку двојно повеќе отколку што се мие телото.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-06.jpg

Какво е вашето гледиште во однос на нашата вера, верниците доаѓаат во црква за да бидат видени или затоа што веруваат?

Верниците на денешно време доаѓаат од две причини, најнапред од помодарство, а потоа за да си го потврдат или негираат сомнежот. Малкумина се оние кои доаѓаат во храм од чиста вера.

Дали имате некој црковен храм во Македонија за кој имате посебно место во срцето и во кој уживате да одите почесто?

Немам посебен храм кој би го издвоил, можеби би го спомнал храмот св. Никола во Крушево, бидејќи тоа било првото работно место на мојот покоен татко и место на кое јас го добив мојот ѓаконски чин.

И, секако, манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, бидејќи во него сум речиси секој ден.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg