Поп Дуле од Битола: „Повеќето верници доаѓаат во црква од помодарство, за свештеници бракот е задолжителен“

„Постојат многу грешки кои се прават во храмот, меѓутоа тие се од формална природа и затоа што луѓето не знаат што значи влегувањето во светиот храм. Исповедта е духовно чистење на душата и треба да се прави најмалку двојно повеќе отколку што се мие телото“, раскажува за CRNOBELO.com поп Дуле од Битола, кој од 2012-та работи како свештеник во Новачката епархија.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-01.jpg

Дуле Груевски (53) е свештено лице од Битола. Добро познат во градот како попот Дуле можеби многу повеќе поради неговите ставови кон голем број општествени теми, позитивата, духовитоста и љубовта која ја секогаш ја носи со себе.

Поп Дуле отсекогаш во себе ја поседувал љубовта кон Бога, па така го завршил своето образование на Православниот богословски факултет во Скопје, а од 2012 работи како свештеник во Новачката епархија.

Неговото големо семејство е уште еден интересен детаљ за него, односно тој е татко на три деца.

Во интервју за CRNOBELO.com попот Дуле раскажува за љубовта кон неговата професија, студирањето на Теолошкиот факултет и ни открива многубројни интересните ситуации и моменти во текот на неговата свештеничка мисија.

Целото интервју со поп Дуле во продолжение:

Да се биде поп е навистина благословена професија, па од каде произлезе вашата љубов кон тоа? Како одлучивте да студирате теологија?

Приказната е многу долга, ама јас ќе пробам да ви ја кажам кратката верзија. Кога завршив осмо одделение, тоа лето, мојот татко свештеник почина. Неговиот совет беше дека додека е тој жив нема шанси да ми дозволи да бидам „поп“ и затоа веќе бев запишан во економско школо, правен смер.

Таму учев само месец и половина. На 11 октомври, еден мој добар пријател ме повика да одам во слепчанскиот манастир, каде што богословите ќе собираат јаболка за претстојната зима.

Тогаш бев во соба со сегашниот декан на Богословскиот факултет во Скопје – г. Ѓоко Ѓорѓевски, тогашен матурант во школото, и тој ми рече: „Мислам дека некој од вас двајцата би требало да ја продолжи традицијата на вашиот сега покоен татко“.

Брат ми веќе беше единаесетти ден на факултетот по психологија во Скопје. Остана јас да се отпишам од економско школо и да се запишам на богословија. Ова беше кратката верзија.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-02.jpg

Беа ли вашите најблиски изненадени од изборот?

И тоа како беа изненадени сите до еден. Највеќе затоа што мојот детски темперамент не им изгледаше како соодветен за професијата.

Колку ви беа тешки студиите и какви вештини изучувавте на факултетот? Дали ви беше тешко изучувањето на латинскиот јазик, пеењето, и потребата да се има добри вокални способности?

Студиите се навидум тешки, а можеби и суштински се тешки, меѓутоа заради тоа што се сосема нови темите кои се изучуваат, љубопитноста кај еден човек го тера да ги совладува што е можно повеќе.

Изучувањето на латинскиот и други јазици не претставува некоја препрека, а пеењето ми беше пасија.

Дали постојат одредени правила околу стапувањето во брак на свештените лица?

Да. За да се стекне свештенички чин бракот е задолжителен, освен ако истиот сака да биде дел од монаштвото, каде што, пак, бракот е недозволив.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-03.jpg

Како изгледаше вашето прво работно место, каде беше тоа и на кој начин го добивте?

Првото мое работно место беше ѓакон во храмот св. Недела во Битола, а потоа свештеник на Новачката парохија.

Брадата на поповите е имиџ или задолжителна?

Носењето брада е симбол кој потекнува уште од стариот завет. Брадата не се потскратувала ниту бричела на оние кои жалеле или тагувале по нешто.

Оттаму и црковните лица носат бради како симбол на гревопадението на Адам.

Која е симболиката на мантијата и за која пригода каква мантија се носи?

Мантијата е свештеничка униформа, таа воопшто не е света облека, а инаку по падот на Византија, мантијата била во задолжителна црна боја. Денес можат да се видат мантии во повеќе бои.

pop-dule-od-bitola-vernicite-denes-doagaat-vo-crkva-od-pomodarstvo-i-da-si-go-potvrdat-ili-negiraat-somnezot-malkumina-doagaat-od-cista-vera-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg