Тамара Грујеска, нашата претставничка на Јуниорски Евросонг 2023: „Публиката ја прифати песната, сакаме да упатиме силна порака“

„Мојата желба стана реалност. Силно поставував да застанам на таа голема сцена и да ја претставувам Македонија пред цела Европа“, открива за CRNOBELO.com Тамара Груејска која ќе нè претставува на Јуниорски Евросонг во недела, 26-ти ноември.

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-01.jpg

Како што е веќе добро познато, Македонија ќе учествува на овогодишното издание Јуниорски Евросонг, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.

Талентираната млада девојка или, како што многу ја нарекуваат, девојката со моќниот глас – Тамара Грујеска ќе биде нашата претставничка којашто со нејзината песна „Кажи ми, кажи ми кој” ќе блесне на евровизиската сцена и ќе нè направи горди.

Тамара е родена на 2-ри декември 2010-та во Гостивар, а љубовта кон музиката ја покажала уште на пет години.

Нејзините посебни изведби и неверојатниот вокал сe уште еден детаљ со кој таа ѝ го привлече вниманието на Европа.

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-05.jpg

Песната „Кажи ми, кажи ми кој” со којa Тамара ќе нè претставува на Евровизија за брзо време стана еден од фаворитите на евровизиските фанови.

А, на неа работеше тим од исклучителни уметници. Ја компонираше Роберт Билбилов, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Роберт Билбилов.

На 26 ноември во 16:00 часот бидете пред малите екрани и не зaборавајте да ја поддржите Тамара кога ќе започне гласањето, бидејќи истото се спроведува и онлајн и, секако, ќе можете да гласате за својата држава.

Во интервју за CRNOBELO.com, младата пејачка Тамара ни раскажува за авантурата во која патува моментално, исполнувањето на сонот и ни открива многу детали за нејзиниот настап.

Целото интервју со Тамара Грујеска во продолжение:

Песната со која ќе нè претставуваш на Јуниорскиот Евросонг е навистина певлива и многу моќна, со текст кој носи голема порака. Дали можеш да ни кажеш што сакаш преку оваа песна да му порачаш на светот?

Самата музика и моќниот текст поттикнуваат самооткривање и влеваат позитивна порака. Сакаме да промовираме вредни лекции за внатрешната сила и издржливоста.

Главната порака е дека секој од нас во себе носи херој, дека децата всушност се најголемите херои на светот.

Колку време со твојот тим ја подготвувавте оваа песна и беше ли тежок патот да дојдете до крајната цел која сте ја замислиле?

Подготовките за песната започнаа веднаш откако Македонската радио-телевизија ги објави резултатите од аудицијата. Секако, процесот на изработка на песната беше подолг и траеше неколку месеци, започнувајќи од месец јуни.

Имено, на почетокот почнавме со Роберт Билбилов, а малку подоцна ни се придружи и Дарко Димитров. Тоа се главните „виновници" кои стојат зад песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

Замислата на сите инволвирани во песната ни беше иста и заедничка – да имаме победнички резултат, а кога се споменува победничкиот резултат, се мисли на оној со освојување на публиката и сите сме многу среќни што успеавме во тоа.

Секојдневно добиваме позитивни и пофални коментари и беспрекорна поддршка која пристигнува од сите страни на Европа. Пресреќна сум!

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-02.jpg

Да ја претставуваш својата земја на еден толку голем натпревар сигурно е исполнување на твојот сон. Како реагираше кога ти соопштија дека ти си избрана, и како се чувствуваш во однос на тоа животно достигнување?

Мојата желба стана реалност! Силно посакував да застанам на таа голема сцена и да ја претставам Македонија пред цела Европа. Бев и сè уште сум пресреќна!

Голема благодарност до Македонската радио-телевизија која ми овозможи да бидам македонски претставник во Ница.

Ветувам дека ќе дадам се од себе да ја претставам нашата земја во најдобро светло.

tamara-grujeska-spotot-za-juniorskiot-evrosong-go-snimavme-do-sest-casot-nautro-presrekna-sum-sto-ke-zastanam-na-scenata-vo-nica-04_copy.jpg

Морам да кажам дека откако ја слушнав песната рефренот ми остана во глава, не само поради текстот, туку и поради народните инструменти (кавалот и зурлата). Чија беше идејата за вметнување на народни мотиви во песната?

Идејата за вметнување на етно звук во песната беше заедничка на Роберт и Дарко, но јас сакам да се заблагодарам и на Гоце Димовски (виртуозот на кавал, гајда и зурла), инаку член на познатиот македонски етно состав „Синтезис“.

Тоа е главниот „виновник" без кој не би го добиле посакуваниот традиционален етно македонски звук во песната. Тој ги отсвири народните инструменти кавалот и зурлата кои може да се слушнат во самата песна.

tamara-grujeska-spotot-za-juniorskiot-evrosong-go-snimavme-do-sest-casot-nautro-presrekna-sum-sto-ke-zastanam-na-scenata-vo-nica-04_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg