Натали, археолог од Франција: „Македонците се многу гостопримливи, помалите градови ми се поубави од Скопје“

Ми кажа дека твојата прва посета на Македонија е поради учество во ископување. Кажи ми нешто повеќе за тоа искуство?

Научив за можноста да учествувам во ископување онлајн. За мене беше многу важно да одам на ископувања како во Грција, така и во Македонија, за да се запознаам со локалните археолози и да го разберам начинот на кој беа водени ископувањата во двете земји. Помага подобро да се разберат публикациите.

Кое е твоето мислење за македонското археолошко наследство?

Археологијата е поле кое помага да се разбере минатото, но и сегашноста. Некои антички локалитети во Македонија уживаат добра валоризација за јавноста и тие се активни.

Малку е потешко со музеите - некои имаат презентации кои не ги исполнуваат современите стандарди и може да биде тешко да се пренесе наследството на пошироката јавност која веќе нема основно сфаќање за она што го гледа.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-07.jpg

Дали мислиш дека Македонија го има постигнато својот историски, културен и археолошки потенцијал?

Македонија има добар потенцијал да привлече посетители со своето природно, историско и културно наследство. Еден пример е Охрид кој привлекува туристи од целиот Балкан во текот на летото.

Сепак, транспортот за патување низ земјата не е секогаш добар - патиштата не се секогаш во добра состојба, изгледа дека нема возови, има неколку автобуси, но не многу добро рекламирани.

Исто така, понекогаш е малку тешко да се најде некој кој зборува англиски.

Како Македонија е видена надвор меѓу луѓето кои имаат ист професионален интерест како и ти?

Го имам тоа чувство дека Македонија е позната само меѓу оние кои ја изучуваат археологијата на Балканот.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-08.jpg

Што сметаш дека треба да се подобри во Македонија?

Треба да се направи многу за инфраструктурата, особено во малите градови. Има многу реновирање во централно Скопје и многу малку во повеќето рурални средини.

Ако постои можност за малку повеќе инвестирање во образовниот систем, тоа би можело да биде од корист за целата земја.

Новата генерација треба да дојде до иновативни идеи за да ѝ даде нова динамика на земјата.

Постои реална потреба од алтернативни дестинации во Европа. Моментално Албанија се чини дека е новата популарна дестинација на Балканот, можеби Македонија би можела да привлече дел од овие туристи ако биде подобро позната и подобро рекламирана.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-13.jpg

Какви се Македонците како пријатели?

Тешко е да се одговори на ова прашање, бидејќи во сите земји има луѓе кои се добри пријатели, како и не толку добри пријатели. Не се работи за националност, туку карактер.

Лично јас мислам дека моите пријатели се прилично одлични луѓе, можеби не ги гледам многу и не секогаш одржуваме контакт, но за 50 години верувам дека сè уште ќе бидеме пријатели.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-06.jpg

Беше гостинка на македонска свадба, како ти се допадна?

Мината година за првпат бев на свадба во Македонија и ми беше чест што бев поканета. Навистина ми беше интерсно да ги откријам локалните традиции. Интерсни ми беа и ората и музиката со тапани и зурли.

Во што се слични, а во што се различни Македонците и Французите?

Французите, особено околу Париз, обожаваат да се жалат за што било. Не сум видела дека Македонците многу се жалат за нешто, туку се прилагодуваат на ситуациите.

Нашето мото на ископувањето беше „нема проблем што не можеме да го поправиме". Французите попрво би рекле „ова носи многу проблеми, но ние ќе го поправиме".

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-09.jpg

Место во Македонија што навистина те воодушевило?

Кањонот Матка е навистина прекрасно место кое мора да се посети, секој кој патува во Македонија мора да ја види оваа природна убавина.

Но, како археолог, сметам дека Хераклеја и Заливот на коските секој мора да ги посети барем еднаш во животот.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-14.jpg

Што вреди да се запомни од твоите посети во Македонија?

Секоја посета на една земја е вредна за паметење, дури и кога не го разбирате јазикот.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg