Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, кај ќерката го откривме на 9 години“
Како децата се справуваат со состојбата? Дали лесно прифатија дека ќе мора да прават редовни контроли и се придржуваат ли до препораките од лекарите?
Децата тешко ја прифатија состојбата дека ќе мораат повеќепати на ден да се боцкаат, навремено да земаат храна или ужина во одредено време.
Да се снаоѓаат во околината и училиштата и да бидат прифатени од нивните врсници и од наставниците, но сепак да се придржуваат до препораките дадени од лекарите.
Дали станува збор за наследна состојба? Има ли некој друг во семејството со дијабетес?
Кај децата дијабетесот не е наследен, туку автоимуно заболување и со неколку испитувања надвор од државата потврдено е дека не е наследна болест т.е автоимунозаболување.
На што е она што како мајка најмногу внимавате кога станува збор за здравствената состојба на вашите деца?
Најмногу што внимаваме како родители е на тоа нивните гликемии да не отидат превисоко, но исто така и не смеат да паднат премногу ниско (хипо), зошто и во двата случаеви носат последици.
Колку дијабетесот влијае врз квалитетот на живот? Постои ли нешто што вашите деца сакаат, но не можат да го прават заради состојбата?
Секако дека дијабетесот влијае врз квалитетот на животот.
Децата се ограничени со секаков вид на спортски активности и храна, и секако заради здравствената состојба сме со страв да ги пуштиме на екскурзии, спортски манифестации и др.
Што би им порачале на родителите што се соочуваат со оваа и слични состојби на нивните деца?
Сакам на да им препорачам на сите родители што се соочуваат со ова и слична состојба, дека треба да се прават контроли на децата и ние да им бидеме најголема подршка.
Секогаш да бидат јаки, одговорни и да не се предаваат лесно на состојбата, зошто дијабетесот не е болест, туку состојба.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело