Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, животот тука ми е поевтин“
Како се снаоѓате со јазикот? Дали има други фамилии од Македонија со кои се дружите?
Македонци има доста во Данска, но јас познавам само една до две фамилии. Се дружам со сите, не ми ве важно да се наши, имам пријатели од Балканот, Данци, Сиријци, Курди – не делам на нации и култури, така сум воспитан.
Јазикот е многу тежок и проблематичен за изговарање, јас почнав многу доцна да го учам пред 2 и пол години и би рекол дека сега комуницирам на дански со 40%. Има и фамилии кои живеат овде повеќе од 20 години, и сѐ уште не успеале да го научат.
Дали е скап животот во Данска? Може ли да се живее убаво?
Стандардот е висок и животот е скап, но во споредба со моменталната ситуација, мене ми е поскапо во Македонија, отколку овде.
Тука просечна плата е 2.300 евра, минимална 1.800 евра (плата после платен данок кој е 39%).
Ноќниот живот не е премногу скап – точено пиво е околу 300 денари, коктелите 500 до 800 денари, шише вино од 1.500 денари нагоре. Цените за храна се нормални, во маркети сосема коректни – јогурт и млеко 100 – 120 денари, салати од 120 ден., 25 јајца – 340 ден., морска храна од 1.000 ден. за килограм.
Доколку сакате да јадете во ресторани ќе ве чини нормално повеќе. Јас сум задоволен колку заработувам со оглед на тоа што сакам и да си трошам и речиси не се „стегам“ за ништо.
Што ви недостасува најмногу од Македонија?
Од Македонија ми недостасуваат мајка ми и брат ми, но често ги канам на гости за да прошетаат и да ја запознаат Данска.
Има прекрасна природа (единствено споредено со Македонија ми недостасуваат планини), шуми, културни активности...
Знам дека многумина нема да се согласат со мене, но важно е да бидете храбри и да ризикувате. Лесно е да се адаптираш во нова земја, доколку навистина сакаш. Најголем ризик во животот е да не ризикуваш.
Јас имав проблем и со едното детенце кое заради лекарска грешка остана со хендикеп и имав навистина турбулентен период, но тоа е искушение од Бога. Морате да се жртвувате ако сакате успех.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело