Паша од Тајланд ја посети Македонија: „Бев на свадба кај најдобрата другарка Македонка, восхитена сум од ајварот“

За посетата на Скопје, таа вели дека е жално што земјотресот го уништил стариот изглед на градот, и дека новиот лик на градот е уникатен.

„Бевме таму за време на летото, па беше прежешко да шетаме преку ден, но вечерите покрај реката беа прекрасни и откривме многу добри места за храна и за шопинг. Дури и еден прекрасен локален бренд и органска козметичка продавница која продава работи произведени од Балканот“ – појаснува таа.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-03_copy.jpg

Од градовите кои ги посетиле за време на нивниот летен одмор во Македонија, таа вели дека Охрид и се допаднал поради културата, а Скопје поради одличната храна и шопингот, појаснувајќи дека тие обожаваат рачни изработки, а Македонија има прекрасно занаетчиство и дека купиле многу рачни изработки.

Таа додава дека многу им се допаднале и македонските музеи.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-17_copy.jpg

„Убавите икони во црквата Света Марија Перилвлепта. И најверојатната боја на водата на Црниот Дрим.

Јас сум средновековен историчар, па за мене културните локалитети во Северна Македонија се бесконечно фасцинантни“ – е нејзиниот одговор на прашањето што ја воодушевило додека ја посетувала Македонија, додавајќи дека македонскиот народ е пријателски и љубезен.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-07.jpg

Бидејќи причината за нејзината посета била свадбата на нејзината другарка, таа вели дека навистина ѝ се допаднале традициите и музика, и дека ја потсетуваат на свадбите од Југозападна Азија.

„За првпат бев на православна свадба и беше навистина неверојатна“ – вели таа.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-08.jpg

Единствено нешто што таа би сменила во Македонија се измамите од такси превозниците.

„Може да стане малку исцрпувачки обидувајќи се да најдете такси поради измамите со странците и претераното пазарење/ценкање на пазарот.

Преговарањето е дел и од нашата култура, но кога јасно се гледа дека цените се премногу високи станува заморно“ – вели Паша додавајќи дека измамите на таксистите треба да се сопрат, и не само за странците, туку и за локалците.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-05_copy.jpg

На крај Паша додава дека таа и нејзината мајка се чувствувале безбедно додека патувале низ Македонија и дека смета дека на нашата мала земја ѝ треба подобра промоција во светски рамки, и не само поради античката историја туку и поради природната убавина, вкусната храна и квалитетните вина и македонското занаетчиство.

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-12.jpg

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-10.jpg

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-13.jpg

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-15.jpg

pasha-od-tajland-za-makedonija-od-koga-se-vrativ-se-obiduvam-doma-da-si-napravam-ajvar-i-lutenica-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / Фото: Приватна архива 



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg