Виктор од Скопје за животот на Сицилија: „Цените на островот се високи, но има гламур, плажи во карипски стил и совршена кујна“
Италијанка или Македонка и зошто?
И двете, зошто да не? (ха-ха)
Што присвои од италијанскиот начин на живот?
Италијанскиот стил на облекување е нешто што го негував уште коа живеев во Скопје, но сега го имам усовршено. Италијанскиот шмек и шарм во однос на приватни и бизнис ситуации и секако односот кон храна и вино.
Еспресо или турско кафе?
Еспресо… Јас ниту во Скопје не пиев турско кафе.
Кога е најубавиот период да се посети Сицилија и што ни препорачуваш да видиме и пробаме?
Мај, јуни, септември или октомври. Класичните месеци за одмор се доста жешки и има голем метеж.
За посетување, Трапани за плажи во карипски стил, Чефалу и Палермо за филмски слики, Таормина за гламур, Катанија за Етна и Ното и Сиракуза за архитектура.
Каков е ноќниот живот на островот?
Италија во принцип нема нешто многу јак ноќен живот во споредба со Шпанија, Холандија, Германија, Франција, па дури и Балканот. На островот за мене што имам доста видено можам слободно да кажам дека не е ништо посебно.
Сицилија туристичка понуда за млади и не толку млади што почитуваат клупска култура.
Покрај Италија, кои други земји ги имаш посетено и која ти оставила најдобар, а која најлош впечаток?
Имам доста прошетано низ Европа-скоро цела, Тајланд, Бали, Русија, Египет. За живеење број еден во Европа а може и во светот е Шпанија. За туризам бев многу фасциниран од Тајланд.
Што најмногу ти недостасува од Македонија?
Па во принцип не ме пука нешто многу носталгија, ја сум човек што сака промени. Кога се селам од едно место на друго чувствувам како да се препораѓам и тоа многу ме мотивира.
Кога би имал моќ што би сменил на Сицилија?
Би им ставил чувство на одговорност и автоматски кочници во сообраќај.
Кој најдобриот град за живот на Сицилија?
Мислам дека е Палермо и околу Палермо.
Од филмовите знаеме дека Сицилија е островот на мафијата, дали е навистина така или само на телевизиските екрани?
Секако дека мафијата оставила голем белег на островот. Денес тоа не е така или тоа не е така изразено. Сè уште се борат против мафијата но, влијанието е многу намалено и има доста апсења на стари мафијаши. Во принцип новата генерација е скроз против мафијата.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
И. Ј. | Црнобело