Семејство од Чешка живее во Македонија: „Среќни сме тука, луѓето секогаш наоѓаат време за дружење“

Една од работите кои се исто така убави и интересни е начинот на кој луѓето реагираат толку позитивно кога ќе слушнат дека сме странци, дека зборуваме македонски и дека ни се допаѓа тука.

И, повторно храната – зелка салата со ќебапи.

Она што би рекол дека ни пречи, можеби само многуте улични кучиња во центарот на градот, особено околу плоштадот.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-04.jpg

Како ги опишувате Македонците на вашите пријатели во Чешка?

Пријателски народ. Народ кој навистина знае да ги цени малите работи кои ги знаат странците за земјата.

Пример од честа конверзација во која сум се нашол во Македонија:

- О, вие сте странци, може да зборуваме тогаш на англиски.

- Нема проблем, разбирам македонски без грижа.

- Колку време сте тука? Што правите?

-  Ќе пееме песна за Христо Узунов?

-  Ејјј, од кај ја знаете песната? Ајде живели!

Во Македонија луѓето имаат време за пријателите, имаат време за дружење. Во Чешка, тоа го нема, сè е организирано во часови, денови, месеци.

Најголемата разлика помеѓу Чешка и Македонија е што социјалниот живот е навистина различен. 

Како се справувате со жешките летни денови кај нас, во Чешка реално ретко е пеколно жешко?

Гледаме колку можеме почесто да побегнеме на планина. Возиме велосипеди или се искачуваме (но, рано наутро, бидејќи сме навистина бели и лесно гориме на сонце).

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-05.jpg

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-09.jpg

Морам да признаам дека сѐ уште не сме навикнати на фактот дека во лето кога е жешко, работите тука мора да се завршат или рано наутро или навечер.

Што ви недостасува најмногу од Чешка и дали често си одите дома?

Покрај семејството, би рекол дека најмногу ни недостига планинарењето и културата на планинарење што во Чешка е начин на живот.

Јас патувам често заради обврските на факултетот во Прага, а вообичаено со семејството одиме за Божиќ и Велигден, и во летните денови.

Дали сте единствено чешко семејство во Македонија?

Знам само за неколку мешани бракови, но не се дружиме. Нема некоја заедница затоа што се многу малку Чеси во Македонија, а и не сме многу организирани како дијаспора. Би декол дека има 3-4 мешани фамилии.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-12.jpg

За крај, дали би останале да живеете во Македонија засекогаш? Дали сте среќни тука?

Среќни? Па, секако! Не размислуваме во моментов – децата се среќни, го знаат јазикот, на крајот – ќе биде нивна одлука.

Немаме некаков рок до кога може да останеме. Имаме визија и планови што сакаме да ги оствариме, и најважното е што ни е убаво и го сакаме она што го правиме. Едноставно – работите си течат логично и со ред.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-01.jpg

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg