Виктор Настески: „Работам како шеф на кујна на еден од најголемите крузери на светот, бев на пат околу светот, сопругата ја запросив на Бахами“

Си имал ли љубовна врска на брод, тешко ли е да се одржи? Или пријателства?

Да, сум имал, и тешко е да се одржи таква врска. Но, сепак познавам и имам пријатели кои се запознале на брод и ден денес се заедно и имаат свои семејства, но тие се многу ретки.

Пријателствата се исто така тешки за одржување, посебно пријателства кој се од подалечните места во светот. Најтешкиот момент е кога ќе поминеш долг период со некои пријатели и потоа се разделуваш од нив бидејќи сепак знаеш дека можеби никогаш повеќе нема да ги сретнеш.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-04.jpeg

Колку често се враќаш дома?

Еден мој договор трае 4 месеци, а дома поминувам 2 месеци со семејството.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-02.jpeg

Какво е чувството бродската кабина да ти е дом?

Треба да се доживее за да се опише. Сега кога сум на оваа висока позиција не можам да се пожалам за кабината, таа е доволно голема и има доволно светло со свое сопствено купатило.

Но, овие бенефиции ги немав кога почнав да работам на брод, а истата судбина ја имаат и поголемиот дел од вработените.

На почетокот на кариерата кабината ја делев уште со тројца и таа беше премногу мала и без светло (немаше porthole/прозорец кој не се отвора).

Исто така, четворица делиме едно купатило и ако сите четворица почнуваме на работа во исто време, наутро е тепачка кој прв да измие заби.

Исто така, ја делиш со различни националности и култури, и тука имаш делумно опструкции итн., но да не навлегувам во детали.

Сепак сакам да напоменам дека не е страшно како што изгледа и сè е навика.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-13.jpeg

Што обожаваш да готвиш најмногу?

Искрено сè сакам да готвам, но ако треба да потенцирам еве ќе ја земам француската храна како една од моите најомилени и кујна која најмногу ми одговара. Но сакам да готвам и италијанска, азиска и нормално наша традиционална македонска кујна.

Сармата ми е број еден омилено јадење.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-08.jpeg

На кое свое дело си најгорд досега?

Семејството.

Имаат ли гостите на бродот специјални барања?

Ох да, дури некогаш тие се и премногу. Оние гости со посебни диети, алергии и вегетеријанците се најпребирливи и знаат да ни ги „измешаат сите брзини“.

Да е еден ден не е проблем, но кога си на крстарење од 7-14, па еве сега и 100 дена пат околу светот тоа е веќе премногу.

Но, сепак излегуваме на крај и со тие гости.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-25.jpeg

Најнемил настан на брод…

Имало неколку немили настани, но за тие не би сакал да разговарам. Она што можам да кажам е дека сум се нашол неколку пати со бродот во невреме, каде имало бранови до 10 метри и чувството воопшто не е пријатно.

Имаше премногу искршен инвентар кој постојано паѓаше од полиците, искршени прозорци итн. Сепак сè се завршило како што треба, но стравот секогаш постоеше.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-03.jpeg

Најубава случка таму…

Ги имам премногу, но ако треба да бирам една, тогаш тоа е моментот на овековечување на љубовта со мојата сопруга, моментот кога клекнав на песочната плажа „Paradise Island“ на Бахамите и ја прашав „Will you marry me“?

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-10.jpg

Исто една од најубавите случки во кариерата ми е запознавањето и работењето со селебрити шефот Marco Pierre White, кој е носител на 3 мишелин ѕвезди.

Тоа е еден од драгоцените моменти во мојата кариера кој нема никогаш да го заборавам.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-06.jpeg

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-23.jpeg

Kaко функционираш со сопругата и децата? Колку е тешко да се одржи семејство со ваков тип на работа?

Сопругата е од Скопје, се запознавме далечната 1999-та и бевме краток период во врска тој период. Едноставно ме остави со објаснување нема време за дечко и мора да се фокусира на факултетот. Патиштата ни се раздвоија и не бевме во контакт точно 10 години, кога во 2009-та повторно се сретнавме и тогаш започна нашата врска.

Во тој период јас веќе одев на брод и после неколку години врска ја поканив на крстарење каде ја овековечив нашата љубов и ја запросив. Тоа беше во ноември 2012 година на Бахамските острови, па стапивме во брак и во 2014 бевме на меден месец на Бахами, местото каде што ја запросив, и потоа на Мајами.

Синот Леонид го добивме во 2015. Беше многу тешко да се одвојам од нив, и првите месеци без нив беа пеколни.

Но, како Executive Chef имав бенефиции во компанијата во која тогаш работев, а една од нив беше да си го земам семејството на крстарење со мене 90 дена во годината.

Правилото беше дека детето мора да биде минимум 6 месеци старо, па моравме да чекаме Леонид да наполни 6 месеци. И кога Леонид наполни 6 месеци и три дена за прв пат се качија заедно на крстарење. Бев пресреќен и болката беше поблага.

Темпирав да доаѓаат во средината на мојот договор, за да не бидеме толку долго раздвоени. Секој договор доаѓаа и крстареа со мене околу 5 до 6 седмици и тоа траеше околу 5 години.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-05.jpeg

Потоа, се случи пандемијата, па Леонид почна на училиште и беше невозможно да дојдат повторно на крстарење.

Пред 7 месеци ни се роди и второто детенце, Матеа и сега е уште потешко да се организираме за крстарења и повторно сме одвоени по 4 месеци.

Нормално дека им пречи што не сум дома подолг период, на сопругата и е премногу тешко сама, а и на Леонид му фалам премногу, како и тие мене.

Но, сега за сега тоа е единствената опција и се надевам дека набрзо ќе најдам друго решение и дека нема да се двоиме толку долго.

viktor-nasteski-rabotam-kako-shef-na-kujna-na-eden-od-najgolemite-kruzeri-na-svetot-bev-na-pat-okolu-svetot-soprugata-ja-zaprosiv-na-bahami-04.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg