Благојче Атанасоски: „Најдов евтин лет и ја посетив островската земја Кабо Верде - совршени плажи и релаксиран народ“

Најомилено место оттаму…

Целиот град Санта Марија. Одличната плажа, со ситниот златен песок, рестораните, кафулињата, тезгите за сувенири, главната туристичка улица, но пред сè малите, тесни, испреплетени улички, шареноликите куќички во кои живеат локалните мештани, се уникатен спој, кој ви нуди исклучително задоволство на уживање и опуштање на нервите.

Едноставно, заборавате на сите обврски и проблеми и се оддавате на мигот во кој сте.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-14.jpg

Дали доби впечаток дека Кабо Верде е земја рај за туристи?

Да, и му ја препорачувам на секој, кој може да одвои време, финансии и има желба за нешто поинакво, од комерцијализираните летни туристички дестинации.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-02.jpg

Какви се цените?

Не се толку евтини, како што прво би помислиле за држава која се наоѓа во Африка. Сепак е позната туристичка дестинација.

Но, има и локали во кои се служи готвена (превкусна) храна, во која за 5-6 евра може да направите цел оброк за ручек, но има и ресторани на самиот брег со поглед на океанот, во кои цените се поскапи од таверните на Халкидики.

Има многу ресторани со автентична кујна од разни земји и тоа: виетнамски, сенегалски, јапонски, италијански. Таму цените се од 10 евра оброк, па нагоре.

Кафето во кафуле во прв ред на плажа е од 2-3 евра. Дефинитивно, дестинација за сечиј џеб, односно не поскапа од летен одмор кај нашиот јужен сосед.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-25.jpg

Би ја ставил ли Кабо Верде на листата на омилени дестинации?

И тоа како. Секој кој сака да ја смени Грција или Турција од својот секојгодишен одмор, треба да направи само добар план, да најде прифатливи авионски билети, да си резервира сместување на Booking, (има и многу евтини во приватни апартмани / поскапи во хотелчиња со 3 ѕвезди со појадок), и да појде.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-03.jpg

Патувањата немаат цена. Особено ваквите. Или како што важи поговорката: патувањето е единствената работа на кое трошите пари, а сте се побогат.

Патувајте, секогаш, секаде, секако. Животот е еден. Треба да го исполниме со спомени од прекрасните места кои ни ги дала планетата Земја.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-21.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-23.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-18.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-11.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-10.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-07.jpg

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое г... „Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пр...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg