Благојче Атанасоски: „Најдов евтин лет и ја посетив островската земја Кабо Верде - совршени плажи и релаксиран народ“

Дали има експлозија од бои? Како живеат локалците?

И тоа каква. Шареноликоста е присутна насекаде.

Скоро секој нивни дом, колку и да е скромен е обоен во различни колоритни бои, и се чувствувате како да сте во разгледница. Тоа му дава специфичен, карактеристичен, особен дух на самото место и го прави многу убаво, и покрај сиромаштијата, карактеристична за Африка.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-16.jpg

Локалците живеат скромно, во мали еднокатни куќи, но морам да нагласам, дека за разлика од екстремната африканска сиромаштија, за која сме гледале, читале и слушале, тука не е така: многу млади работат во многубројните кафулиња и ресторани, кои се на секој чекор, и се модерно облечени.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-13.jpg

Најнепријатен настан оттаму…

Немав искрено. Единствено може да имате, мал „проблем“ со слаб доток на вода, но тоа се решава во истиот ден, бидејќи има задолжена фирма која го средува тоа.

Сепак е Африка, и мораме да бидеме спремни на сè, односно на ситуации кои се незамисливи за нас Европејците. Се разбира, немав, никакви замерки.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-19.jpg

Колку се внимава на хигиената по улиците?

Можам да кажам прилично многу. Дури, беше почисто од кај нас, односно од нашите улици. Барем во тие улички низ кои се движев.

За главната туристичка улица и не станува збор, мислите дека се наоѓате во средоземна Шпанија.

Дали е тоа наследен дел од нивната европска култура, дали е добро организирана нивната комунална служба, или внимаваат бидејќи се свесни дека имаат многу туристи, не знам, но дефинитивно треба да учиме од локалците таму, за чистотата по улиците.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-12.jpg

Имаше ли многу туристи?

Да. Најчесто од Северна Европа (Скандинавците), бидејќи имаат директен лет, и „бегаат“ од своите ладни земји во овој период од годината, на оваа егзотична дестинација.

Имаше од сите возрасти: млади, млади брачни парови со деца и пензионери. Секој, кој сака да одмори и да ужива во благодатите на оваа земја.

Интересно, рестораните и локалите ги држеа Европејци и Американци, а во нив работеа локалните жители.

Сопственици на мини маркетите беа пак од азиско потекло. Сè на сè, интересен микс на одлична човечка кохабитација од сите континенти.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-09.jpg

Каква е храната?

Класичната африканска храна е многу слична на нашата, но зачинета (не колку азиската). Односно, готвеното пилешко, свинско, зачинетиот ориз, салати, тестенини се слични како нашата кујна.

Се разбира, морската храна е, нешто, што морате да го пробате, и имаат ресторани во кои со отворена карта, можете да се најадете и да пробате разни морски деликатеси.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-06.jpg

Каква е водата за капење во овој период од годината?

Прилично ладна, но одлична за освежување, од сонцето кое и покрај тоа што е 25 степени, ве пече.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-15.jpg

Бидејќи е отворен океан, и има постојано ветер, има многу бранови и е одлично за почетници сурфери, кои ги имаше многу.

За пливање на далечина, не е препорачливо, бидејќи брановите се големи, и може да ве повлечат.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-22.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое г... „Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пр...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg