Благојче Атанасоски: „Најдов евтин лет и ја посетив островската земја Кабо Верде - совршени плажи и релаксиран народ“

„За локалните мештани во Кабо Верде, односно Република Зелен 'Рт, најважната девиза е „no stress“ (без стрес) и тоа нивно мото беше испишано и на многу сувенири, туристички табли, едноставно насекаде. И навистина, чувството кога се наоѓате на оваа дестинација е немање на стрес. Сè е толку опуштено, мирно и спокојно...“, вели Благојче Атанасоски (33) од Скопје за CRNOBELO.com.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-01.jpg

Благојче Атанасоски (33) од Скопје, магистер по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“, има посетено повеќе од 30 земји досега, а последна во низата е островската држава Кабо Верде или Република Зелен 'Рт, која се наоѓа во Африка.

Шаренилото од бои, народот кој живее релаксирано, прекрасните плажи и едноставниот тек на животот таму вистински го воодушевилe.

Благојче го пренесува своето искуство за CRNOBELO.com:

Колку земји имаш посетено досега (највпечатливите кои се) и со кого патуваш најчесто?

Досега имам посетено преку 30 земји, претежно од европскиот континент, a Јордан, Грузија, Египет и Кабо Верде, надвор од Европа.

Дефинитивно има разлика од земјите во Европа, со тие од другите континенти, од секој можен аспект на општественото живеење: архитектура, култура, историја, природа, храна, целокупен начин на функционирање. Тоа пред сè, се должи на различните историско-културолошки разлики меѓу континентите.

Можам да го одвојам патувањето во Јордан, како една сосема нова димензија, бидејќи влегувате во сосема „нов свет“, целосно различен од европскиот.

Всушност, Јордан, во последните години, стана ултрапопуларна туристичка дестинација, прво, поради историскиот град Петра (ново светско чудо, Мртвото море, пустината Вади Рум), односно места, кои ги има само во оваа земја. Дефинитивно ја препорачувам, за секој кој сака, а се двоуми, дали треба да ја посети.

Од европските градови, би ги издвоил: Лисабон, Прага, Копенхаген, Мадрид. Ја имав среќата да го видам и Киев, минатата година, токму за Нова година, а Тбилиси, главниот град на Грузија е одлична дестинација, каде што се меша европската, персиската и советската култура и архитектура. Одлична дестинација за храна и вино.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-28.jpg

Колку и комерцијализирано да звучи, Египет е една од дестинациите кои мора, еднаш во животот да се посетат, за да споите одмор и патување длабоко назад во времето и историјата.

Патувам, најчесто со пријатели, односно со секој кој има авантуристички дух и пасија кон патувањата. Сум бил на гости и кај многу роднини, низ европските земји.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-20.jpg

Зошто токму Кабо Верде овојпат? Односно како изгледаше целосното патување?

Кабо Верде, дојде случајно, по пронаоѓање на релативно евтин авионски билет, за ваква прекуокеанска дестинација.

Патувањето почна од Брисел, каде отседнавме два дена, продолжи со прелет преку Лисабон, и потоа четиричасовен лет од португалскиот главен град до островот Сал (сол на португалски), во туристичкото гратче Санта Марија, која е најпопуларна дестинација за странски туристи од сите десет острови кои ја сочинуваат оваа атлантска, африканска островска држава.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-05.jpg

Како успеваш да пронајдеш евтини авионски конекции? Како одеше организацијата на патувањето?

На страната Secret Flying, има многу добри понуди за прилично евтини, прифатливи, прекуокеански летови, само треба постојано да ги пратите понудите.

Мислам дека секогаш ќе се водам од цената на картата, бидејќи за мене нема лоша држава, односно дестинација, која не треба да се посети. Секоја земја, има своја специфична, различна убавина и интересни работи, кои ја двојат од другите.

Тука е и Wizz Air, познатата нискобуџетна авионска компанија која оперира од нашите воздухопловни пристаништа до речиси сите европски земји.

Така, комбинацијата на овие две можности, овозможи крајната дестинација Кабо Верде, да биде лесно остварлива.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-08.jpg

Што те воодушеви најмногу во оваа островска држава?

За локалните мештани, најважната девиза е „no stress“ (без стрес), односно тоа нивно мото беше испишано и на многу сувенири, туристички табли, насекаде.

И навистина, чувството кога се наоѓате на оваа дестинација е немање на стрес. Сè е толку опуштено, релаксирано, бавно, мирно и спокојно. Едноставно не брзате за никаде.

Животот тече со едноставност во секојдневието, една лежерност, која ви дава спокој.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-27.jpg

Љубезноста и непосредноста на жителите е исто така карактеристика која е за почит, бидејќи, и покрај тоа што не станува збор за екстремна африканска сиромаштија, сепак таа е присутна.

За разлика од нашите, уличните кучиња таму се премногу пријателски настроени, и ги има буквално насекаде: може да дојдат да легнат веднаш во вас, додека се сончате на плажа или седите во кафуле, додека го пиете кафето и уживате во далечината на Атлантскиот Океан.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-26.jpg

Зошто Кабо Верде е уникатна приказна?

Како поранешна португалска колонија, оваа островска држава е мал скриен рај во големината на Атлантскиот Океан. Во неа се мешаат автентичната африканска култура, со наметнатиот постколонијален европски (португалски) начин на живот.

Има острови со вулканска геологија, кои вреди да се посетат, доколку имате можност. Температурата е одлична (24 степени во јануари, до 30 во септември), односно, речиси иста преку целата година, бидејќи се наоѓаат во близина на Екваторот.

Нам, локалците ни кажаа дека токму зимските месеци се најпосетени (од Европејци), бидејќи во нашата летна сезона, таму е врнежливо. Идеално да отидете во зима.

blagojche-atanasoski-najdov-evtin-let-i-ja-posetiv-ostrovskata-zemja-kabo-verde-sovrsheni-plazhi-i-relaksiran-narod-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg