Сања Коцева: „Маурициус е парче од рајот, плажите се спектакуларни, само патот дотаму е долг и напорен“

Лошата страна на Маурициус е…

Што е толку далеку од кај нас.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-12.jpeg

Какви се цените?

Цените во Маурициус се доста пристојни, така што за еден ручек или вечера во локален ресторан во некое од населените места може да очекувате да платите онолку колку би платиле и кај нас.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-03_1.jpeg

Нормално, ресортите кои се наоѓаат до океанот се малку поскапи. Островот изобилува со многу тропски овошја, па често од локалното население може да купите кокос, ананас, сок од шеќерна трска за 2-3 евра.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-13.jpeg

Каква е храната?

Преовладува нивната традиционалната кујна со изобилие на тропско овошје и морски специјалитети, но дури и доколку не сте љубител на ваков тип на храна, може да уживате во добар бургер, пица или паста.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-18.jpeg

Напорни ли се локалците со нудењето на услуги по улиците и плажите?

Како и на секое туристичко место и овде се присутни локалците кои најчесто нудат нивни производи по плажите. Најголемиот дел се љубезни трговци, од кои низ разговор може да научите и многу работи за самиот остров.

Најчесто ќе сретнете локалци кои продаваат тропски овошја карактеристични за тоа поднебје по доста пристапна цена, така што е тешко да си заминете без да купите ништо.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-11.jpeg

Како народ би ги опишала како…

Мирољубиви, скромни, љубезни.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-21.jpeg

Што те воодушеви најмногу од животинскиот свет таму?

Маурициус е познат по богатиот животински свет. Покрај богатиот морски свет, најмногу од сè ме воодушевија џиновските желки кои можат да се видат во одредени национални паркови на островот.

Џиновските желки се стари 200 години и се подарок од Сејшелите. Слободно се пуштени во парковите, па претставуваат вистинско задоволство меѓу посетителите.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-04_1.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg