Даниела Ѓуровска: „Ја посетив најголемата фавела во Рио де Жанеиро, Бразилците се фит, а плажите совршени“

Имаше ли можност да ги посетиш фавелите во Бразил? Се чувствуваше ли безбедно? Долови ни ја атмосферата…

Ја посетивме најголемата фавела во Рио де Жанеиро со над 350.000 жители каде последниот збор го има нарко картелот.

Фавелата беше единствената локација која ја посетивме со туристички водич, што се покажа како вистинска одлука особено откако дознавме за фактот дека во 2017-та шпански турист бил убиен.

Нашиот водич Марија е девојката која ни ја пренесе целата слика за тоа како изгледа животот во овие населби и колку е опасно да се шеташ сам особено доколку изгледаш како турист.

Тесните сокаци, забраната да сликаш во голем дел од улиците, стаорците кои претрчуваа низ ѓубрето се само дел од работите кои ни ја сменија перцепцијата за градот.

Од друга страна, голем дел од жителите на фавелите работат на најпознатите плажи Ipanema, Leblon, Copacabana или се музичари, уметници, спортисти кои без разлика на лошите услови и опкружување не се дел од криминалните банди.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-16.jpg

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-17.jpg

Каков е сообраќајот?

Непочитување на сообраќајните знаци и семафори беше секојдневие на жителите во Рио. Најчесто користевме Uber кој се покажа како најдобра и најевтина опција за од една до друга точка во градот особено кога врне.

Споредбено со Скопје цените беа слични, но никогаш не знаеш кој седи зад воланот. Така беше во една ситуација кога возачот ги помина сите семафори на црвено, возеше далеку од дозволеното и го згреши патот до хотелот, но за среќа безбедни стигнавме.

Какви се плажите?

Тоа беа најубавите плажи кој досега ги имам посетено бидејќи се слика за целиот животен стил на Бразлиците. И покрај дождливите денови имавме прилика два дена да уживаме на незаменливите Ipanema и Copacabana.

Ситниот златен песок кој како камелеон станува бел во зависност од времето, ладната Caipirinha и звукот на брановите се совршената комбинација за идеален одмор.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-09.jpg

Како живеат локалците?

Луѓето во Рио се нарекуваат Кариокас. Сите се физички активни, сурфаат, играат одбојка, вежбаат самба, јога, возат тротинет или велосипед.

Бев вчудовидена колку ние како нација генерално не внимаваме на нашето физичко и ментално здравје споредбено со нив. Жени кои веројатно беа во својата 6-тата деценија изгледаа младолики и фит што според мене е за огромна почит.

Инаку, класната разлика е многу голема, речиси и да не постои средна класа.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-04.jpg

Кое место ти остави најсилен впечаток?

Покрај Ipanema и Copacabana, возењето на веспа низ улиците на Rocinha е уште една од работите кои веројатно ќе ги паметам засекогаш.

Посетата на стадионот Маракана e уникатно искуство, иако не сум голем фан на фудбал, чувството беше посебно поради тоа што сум свесна каква историја била испишана во истиот.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-15.jpg

Искачувањето на Corcovado беше предизвик за нас. И покрај тоа што има опција за пристигнување до статуата на Исус со комбе или воз, ние се одлучивме да одиме пешки.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-19.jpg

Патот беше 3,9 км и не беше напорен доколку не се земе предвид искачувањето на карпите со помош на метални шипки и лизгавите, калливи делови од патот поради дождот. Чувството да си во „џунгла“ опкружен со сите дрвја и растенија кои никогаш претходно ги немаш видено беше магично.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-18.jpg

Како последно нешто што би издвоила e дефинитивно летањето со змај или „hang gliding“ кое беше од планината Pedra da Gavea до плажата на Sao Conrado.

Бев убедена дека нема да имам храброст, но речиси не ми беше страв кога пристигнавме. Се чувствував слободно, исполнето, уживав во адреналинот кој ме обзема и мислата која ми се вртеше во глава додека бев над океанот … „Дозволи си да го живееш животот со полни гради“.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-25.jpg

Каков е океанот за пливање?

Динамичен, ладен, неодолив. Компарацијата која ја направив со првото чувство кога влегов во океанот е дека се почувствував како зрно од песок, помислив колку сме сите мали и еднакви, а од друга страна, како целиот свет да е мој.

Брановите практично не престануваат, звукот кој се создава при секој бран е магичен момент. Особено во доцните ноќни часови кога владее тишината по улиците, па секоја вечер уживавме во мелодијата која се создаваше бидејќи хотелот во кој бевме сместени се наоѓаше во првиот ред на Copacabana.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-23.jpg

Важи ли она Инстаграм vs. Реалност за некои места? Што изгледаше совршено, а те разочара во живо?

Искрено, очекував дека ќе биде огромна турканица на најголемите туристички атрации, меѓутоа сепак бев фрапирана од бројот на луѓе кои беа кај статуата на Исус по искачувањето на Corcovado.

Дополнително на тоа беше облачно, па статуата беше покриена со магла, секако дека следното утро се вративме за да ја направиме „легендарната“ фотографија.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-20.jpg

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-21.jpg

Исто така, посетата на скалите беше потврда дека речиси ништо не е онака како што изгледа на Инстаграм затоа и го поставив видеото за споредбата меѓу очекувањата и реалноста. За да ја направиш совршената слика треба да имаш премногу трпение и личност која ќе го издржи „притисокот“.

daniela-gjurovska-ja-posetivme-najgolemata-favela-vo-rio-de-zhaneiro-vo-brazil-gi-vidov-najubavite-plazhi-dosega-12.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg