Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“
Дали таму луѓето се поопуштени од Македонците во воспитувањето на децата?
Дефинитивно се. Децата ги гледаат како тинејџери додека наполнат 21 година. Мене тоа воопшто не ми се допаѓа и нека е здрав и жив Макси, но не планирам да го воспитувам така.
Мислам дека после 13/14 години детето треба да станува сè посериозно, да научи дека животот не е песна, да знае дека сè што лета не се јаде. Светот не е розов и мислам дека после 14 години е време пополека да се перципира тоа.
Многу заштита спрема детето – прави само поразгалени и по несамостојни деца.
Какви се цените на производите и услугите за секојдневен живот и дополнителни активности?
Цените во Сан Франциско се навистина високи. Без разлика дали е козметички салон или месечна кирија. Мојот сопруг поседува згради каде што знам дека за двособен стан киријата е околу 6.000 долари месечно, без основните трошоци и без данок. Околу 8000 долари би било со сè вклучено.
Бојадисување коса или прамени чини околу 200-300 долари. Мислам дека таа цена е во ред – според стандардот. Кафето во Starbucks чини околу 5 долари.
Луѓето заработуваат просечно околу 100-150.000 на годишно ниво и припаѓаат во групата средна класа, а со 800-1.000.000 долари на годишно ниво би биле дел од високата класа во Сан Франциско.
Одиш ли често на плажа?
Кога бев бремена скоро секој викенд. Моментално не зошто сè уште му е рано на Макси. Мислам дека од јули/август здравје, ќе одиме пак.
Како изгледа фамозниот „Golden Gate Bridge“ во живо?
Како што веќе напоменав, мене лично ми е навистина wow. Секојпат се заљубувам одново. Секое гледање сум уште повоодушевена од претходниот пат.
Глетката накај градот од Голден Гејт од едната страна и глетката кон Саусалито се мелем за душа. Сан Франциско и Голден Гејт се најубави во септември.
Мислам дека овој град има душа и исто така верувам дека е невозможно човек да не се заљуби во убавините што ги нуди.
Какви се жените во Сан Франциско, обрнуваат ли многу внимание на изгледот, каква е уличната мода?
Искрено не. Луѓето се навистина кежуал. Воопшто во Калифорнија стилот е кежуал. Фармерки, маичка, дукс и патики. Барем јас тоа го забележав. Лос Анџелес и Родео Драјв се друга приказна.
Која ти е омилена активност за забава и релаксација?
Да седам покрај нашиот базен, да читам книга, да седам на плажа и да правам слики за Инстаграм, да го снимам синото небо и да му се восхитувам, да ги слушам брановите и да шетам по плажата, да го допирам мекиот песок со стапалата и да му се заблагодарувам на Господ за животот кој го имам.
Додека бев бремена често се возевме покрај крајбрежјето. Тоа ми е исто едно уште едно нешто во кое навистина уживам. Да слушам музика во автомобил и да го гледам сите тие пејзажи, да ги затворам и отворам очите и да се заблагодарам што можам да ја видам оваа убавина пред себе.
Баш минатиот викенд имавме еден прекрасен неделен пикник.
Омилено место во Калифорнија ти е…
Сан Франциско дефинитивно и езерото Тахо. Иако езерото Тахо го сметаат како дел од Невада. Сепак е на границата со Калифорнија. Таму го поминавме нашиот „babymoon“.