Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“
Колку често патувате низ САД?
Кога немаше корона секој викенд. Сега сме дома.
Работат ли многу Американците? Во колку часот завршува работното време?
Па искрено да. Зависи од тоа кој каква работа има, но добив впечаток дека да, сите работат и подолго од нормалното работно време што би било од 8 часот наутро до 17 часот.
Посебно тие што работат во Google, Instagram, Facebook или Microsoft.
Какви се во поглед на врските? Дали се цени бракот како кај нас?
Мислам дека има голем процент на разведени, но верувам дека многумина веруваат во „old school“ љубов и во тоа дека можеш со еден човек да го поминеш цел живот и да работиш на бракот или врската секој ден. Да ја чуваш како што се чува цвеќе. Да ја поливаш секој ден и да ја гледаш со љубов.
Како се забавувате за време на викендите?
Кога немаше корона, скоро секој викенд бевме во Лос Анџелес или Малибу. Често во Дизниленд.
Сега сме дома. Се надевам дека наскоро ќе заврши сè ова што го сруши светот и дека секое лошо е за добро. Не знам на кој друг начин да ја оправдам оваа пандемија, лоша економија, тага во очите на луѓето. Покрај маските, ни се гледаат очите на сите, а тие никогаш не лажат.
Каде одат локалците на одмор, кои земји ги посетуваат?
Мислам дека Мексико е една од омилените дестинации и Хаваи. Секако и Флорида е дел од омилени дестинации.
Што ти недостига најмногу од Македонија?
Моето семејство, најмногу татко ми. Долго време не живеам во Македонија. Затоа не чувствувам посебна потреба да се вратам назад. Важниот дел од мојот живот го поминав во Германија.
Повеќе фотографии од Ребека во Сан Франциско:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело