Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“

Какви се локалците? Каков дух имаат, какви навики во секојдневието?

Има голема разлика помеѓу Еквадорците од градовите и тие што живеат на крајбрежјето или во Амазон.

Во градовите како Кито, Куенка и архитектурата е поинаква, колонијална, потсетува на Европа, Шпанија, луѓето се многу културни, има театри, филхармонии, уметнички академии, еден цивилизиран живот.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-07.jpg

На крајбрежјето луѓето се поинакви, куќите се малечки, трошни, од цемент без фасада, луѓето се опуштени, не сакаат многу да работат и ќе видите многу Аргентинци кои доаѓаат тука на печалба и работат во сите туристички објекти, додека Еквадорците лежат во лулашки во ладовина.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-17.jpg

Семејствата на крајбрежјето се многубројни. На пример нашите први соседи во Олон имаат 16 членови на семејството. Убаво е што многу се почитуваат и владее хармонија. Мајката, односно бабата е глава на семејството, таа го распоредува буџетот и одлучува за сѐ. Инаку имаат култ кон мајките, многу ги почитуваат.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-05.jpg

Каков е стандардот на живот? Високи ли си месечните трошоци за сметки?

Кога дојдовме имав чувство дека живеат како ние порано во Југославија. Има некоја социјална правда, минимална плата од 380$, а трошоци за сметки се 100$ со интернет, струја, вода, гас е на пример 1$ месечно, бензин е 2$ за четири литри.

Некои професии се добро платени, на пример доктор во државна болница има плата околу 2.500$ а во приватните 5.000$. Полицаец има почетна плата од 800$, службениците во банките и во државните фирми имаат околу 600$ месечно. Сѐ на сѐ животниот стандард не е лош тука.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-03.jpg

Има ли добра инфраструктура, модерни објекти?

Во градовите како Кито, Гвајакил има модерни објекти, стакло, бетон, високи згради, огромни шопинг молови, цела земја е поврзана со автопатишта, аеродроми и големите автобуски постројки се многу модерни, чисти со ресторани, продавници, хипермаркети.

Во Куенка, центарот на градот е цел во колонијален стил, тоа е град со најсочувана колонијална архитектура во цела Јужна Америка. Останати делови на градот се модерни со прекрасни куќи и практично нема сиромаштија. Во Гвајакил, за разлика од Куенка, има делови со многу сиромашно население и криминал.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-04.jpg

Има ли многу туристи? Што нуди оваа земја како туристичка дестинација?

Во Еквадор има многу странци кои живеат и работат, како и пензионирани „Грингоси“, но исто така имаше и многу туристи од целиот свет.

Во хостелот кој го води ќерка ми Јоана секогаш имаше туристи, најчесто се тоа занимливи луѓе кои патуваат со месеци по Јужна Америка, прекрасни пријателства имаме создадено за овие години.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-20.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Вирџинија Ристеска за патувањето во Ерменија: „Храната е поевтина од кај нас, автобуска карта чини 1... „Ереван е мал и нема некои атракции како големите европски градови како Париз и ...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg