Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“
Најдобрата страна на Еквадор е …
Најдобра страна на Еквадор е што за сѐ има време, ако не завршиш работа денес, ќе завршиш утре или за некој месец.
Најлошата страна на Еквадор е …
Таа лежерност кај луѓето на крајбрежјето колку и да е пријатна, некогаш може да биде и причина за нервоза. На пример, кога ти треба интернет и ќе ти кажат утре доаѓа службата, всушност значи дека службата ќе дојде за 5, 6 дена, и за тоа нема да се извинат.
Какви се во љубовните врски? Го ценат ли бракот како заедница?
Еквадорците не се како другите латиноамериканци премногу страсни. Тие се доста срамежливи и конзервативни поради религијата. Католицизмот го имаат примено од шпанските освојувачи.
Во градовите врските се како и кај нас, прво се завршува факултет, па понатаму се планира брак. На крајбрежјето многу рано стапуваат во заедници и има многу разводи на млади луѓе, децата остануваат со мајките и тука настанува една скоро патолошка врзаност за цел живот.
Како реагираат на дојденците?
Мислам дека Еквадорците толерираат дојденци ама немаат некоја голема љубов кон нас, секогаш нѐ гледаат како богати „Грингоси“ и имаат предрасуди во таа смисла.
Од Македонија најмногу ти недостига …
Од Македонија сѐ ми недостига, најмногу ќерка ми Нина и внучето кое го немам видено уште, само на видео повици и тоа тешко ми паѓа.
Ми недостигаат пријателите, колешките, ми недостига македонската храна, ајвар, најубавото македонско сирење…
Дали можеш да се замислиш да дочекаш пензија таму?
Јас нема да дочекам пензија никогаш, така одлучив уште како млада девојка, дека нема да се врзувам за било кое работно место и дека додека сум жива ќе работам, а кога нема веќе да можам ќе отпливам некаде далеку каде што не постои старост и немоќ, туку само вечност.
Повеќе фотки од Гордана од Еквадор:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело