Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“

„Првите месеци живеев на крајбрежје, во Олон и си мислев дека ете конечно го живеам мојот сон, но брзо сфатив дека јас не можам да живеам без мојата професија, па се вработив во академија за танц во главниот град, Кито, од каде секој викенд патував во Олон, 10 часа за да ја видам ќерка ми и да поминам еден ден со неа“, раскажува Гордана Деан Поп Христова, која 6 години живее во Еквадор.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-01.jpg

Гордана Деан Поп Христова е кореограф, балетски педагог, добитник на неколку награди на југословенски балетски натпреварувања, интернационални награди за кореографии, самостојни проекти во МНТ, МОБ, креатор на околу 30 кореографии и сценски движења за драмски претстави во сите театри во Македонија.

Таа со своето семејство веќе 6 години живее во Еквадор каде продолжи со успесите, па работеше како професор по современ танц на академија во Кито, доби награда за кореографија во Аргентина итн.

Со неа проговоривме за животот во Еквадор, таа за CRNOBELO ја пренесува атмосферата оттаму:

Пред колку години се пресели и зошто токму Еквадор?

Во Еквадор се преселивме пред 6 години, одлуката тоа да биде баш Еквадор дојде како последица на многу истражување на интернет, да се најде место кое е на море и каде е возможно да се купи имот, а да одговара на скромниот буџет кој го имавме.

Кога сфатив дека е невозможно тоа да биде блиску до Македонија, дека цените се многу високи во соседството, почнав да ја истражувам Латинска Америка.

Еквадор дефинитивно беше најдобрата опција, со цените, со сигурноста и гаранциите кои ти ги дава државата, можноста веднаш да аплицираш и добиеш перманентна виза. Исто така, Еквадор е прва земја во светот по бројот на пензионирани Американци кои живеат надвор од САД, тоа гарантира не само економска сигурност, туку и општа, за разлика од земјите како Венецуела, Перу, Боливија. Еквадор има долар како официјална валута, има фантастична инфраструктура, сите градови и села се поврзани со асфалтни патишта, а земјата е вистински рај.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-12.jpg

Како твоето семејство се снајде таму?

Ние сите се заљубивме во Еквадор, со тоа што ќерката се заљуби и во Еквадорец, па сега имаме најмило бебе на свет, Круз Аниш Родригез Деан, кој има 1,5 година и учи да зборува и македонски и шпански.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-09.jpg

Првиот впечаток по слетувањето во Еквадор …

Првиот впечаток беше дека оваа земја е чудесна, слетавме во Гуаѕаљуил, град со 4 милиони жители, со тропска, многу влажна клима и со прекрасни растенија, дрвата на Гуаѕакан, кои даваат цветови во прекрасни, многу интензивни бои.

Останавме кратко, ама посетивме некои убави места, како паркот каде што стотици огромни игуани живеат и се шетаат слободно и не се плашат од луѓе, напротив сакаат да се дружат.

Следната дестинација ни беше крајбрежјето на Пацификот, каде што тргнавме да истражуваме места кои би биле идеални за живот. Прво дојдовме во Еквадор кај другарка ми Стефанија Зисовска, актерка која исто така одлучи животот да го помине тука.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-18.jpg

Колку чини патот од Македонија до Еквадор?

Патот до Еквадор е околу 1.000 долари со неколку менувања на авиони и трае три дена доколку е картата нискобуџетна.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-06.jpg

Каква е климата во текот на годината?

Еквадор има четири климатски региони, амазонски шуми, Галапагос, крајбрежје на Пацификот и планински регион, на Анди.

По биодиверзитетот е прва земја во светот, има области со микро клима со потполно различна флора и фауна и студенти и истражувачи од целиот свет доаѓаат тука за да истражуваат различни видови на животни и билки. Може тоа да го направат на далечина од само неколку километри, за разлика од другите земји каде што треба да патувате со денови за да се смени целокупниот пејзаж.

На крајбрежјето на Пацификот преку целата година може да се оди на плажа, иако сезона со сите сончеви денови е од декември до јуни, а понатаму е топло ама може да биде и облачно. Тука се живее по кратки ракави, шорцеви и апостолки цела година.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-14.jpg

Има ли рајски плажи? Колку често ги посетуваш?

Тука плажите се рајски секаде, песочни, долги и без турканици, какви сме навикнати да има во Европа.

Во Олон каде што имаме мал хостел плажата е долга 2 километри, се чувствувате како да сте на приватна плажа доколку само малку прошетате од централниот дел кадешто се ресторанчињата и баровите со коктели.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-13.jpg

Како се снајде на поле кариера? Колку јазикот беше пречка?

Првите месеци живеев на крајбрежје, во Олон и си мислев дека ете конечно го живеам мојот сон, меѓутоа набргу сфатив дека јас не можам да живеам без мојата професија, дека таа е во моето тело, не само психолошка потреба. Кога се занимавате со танц станувате зависни од движење, од вежбање од комуникација со другите танчари, а кога сте професор по танц имате потреба да го пренесувате знаењето на помладите.

Тогаш почнав да барам работа и најдов прекрасна академија во главниот град, Кито, таму работев две години и скоро секој викенд патував во Олон, 10 часа за да ја видам ќерка ми и да поминам еден ден со неа и после се враќав 10 часа патувајќи цела ноќ во недела, за да во понеделник сабајле имам час на академија.

Следните две години, сѐ до овој март, работев во Куенка, во новото училиште за кое осмислив програма и имавме многу добри резултати, но за жал поради пандемијата училиштето се затвори, еве веќе 9 месеци.

Во Кито со студентите зборував англиски, тие сите одлично го знаат, мислам дури подобро од мене, а во Куенка веќе почнав да држам часови по танц на шпански.

gordana-dean-pop-hristova-za-zhivotot-vo-ekvador-ekvadorcite-kraj-bregot-uzhivaat-vo-lulashki-i-kje-vi-go-popravat-internetot-po-5-dena-21.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg