Пар ја истражува Македонија спиејќи во комбе: „Крушево е рај за кампери, нѐ дочека есенска идила“ (фото)

„Правевме компот од круши и дуњи и спиевме покрај Крушевското Езеро, со поглед каков не нуди ниту еден хотел“, ни раскажуваат Ана (24) и Ненад (27).

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-01.jpg

Ана Јаневска (24) и Ненад Лазаров (27) се авантуристички пар кој обожава природа, па така тие од старо комбе направиле кампер со кој ќе можат да уживаат во убавините на нашата држава, а во иднина и надвор од нејзините граници.

„Идејата и целта да се направи вакво комбе беше да се помине повеќе време во природа со сите основни услови за живеење. Па така од старо комбе ние направивме нешто што ќе ни служи како смештај за сите наши идни патувања. Бидејќи релативно кратко време го имаме комбето, околу половина година, нашите авантури допрва почнуваат.

Но, неодамна го посетивме Крушево и воодушевени сме од есенската идила со која нѐ пречека овој град“.

За нивниот престој тие раскажуваат за CRNOBELO:

„Крушево е еден од ретките градовите во кои може да се почувствува и природата и градот во едно. Одлучивме да го посетиме Крушево пред сѐ заради неговата интересна местоположба која изобилува со многу зеленило и чист воздух.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-05.jpg

Бидејќи патувавме со комбе, а воедно тоа ни беше и сместувањето, сакавме да најдеме место далеку од градот, а сепак блиску до сите интересни работи кои може да се видат.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-03.jpg

Па, така по 2 часа патување пристигнавме и се сместивме на Крушевското Езеро.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-02.jpg

Слободата во тоа да имаш комбе/кампер е да си бираш место каде сакаш да спиеш, далеку од гужвата и да уживаш во убав поглед кои ни луксузните хотели го немаат. Така што, ако некој сака да кампува, Крушево е интересно место за кампување кое нуди плус активности за занимација.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-18.jpg

Имавме и супер друштво, дечки кои исто така нивното комбе го имаат направено кампер, па така заедно три дена се дружевме, правевме вкусен компот од круши и дуњи и шетавме низ прекрасното Крушево.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-04.jpg

Освен познатите обележја на Крушево, Македониумот, Мечкин Камен, Музејот на Тоше има многу убави скриени места во природата кои со есенските бои даваат друга димензија.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-13.jpg

Како едно од тие места ќе го издвојам селото Пуста Река во близина на Крушево (на 14 километри од него), кое со своите стари градби, гостопримливи луѓе и живописна природа ни го задржа вниманието. Исто така таму има мали црквички со интересна архитектура, кои може да се посетат.

par-ja-istrazhuva-makedonija-spiejkji-vo-kombe-krushevo-e-raj-za-kamperi-n-docheka-esenska-idila-foto-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg