Ивана Кушлич: „Швајцарските Алпи се храна за душата, а кафе во Цирих е 320 денари“

„Луѓето што живеат во идиличните швајцарски села се повлечени, а кравите им се светост, но тие живеат блиску до најубавите езера и најволшебните водопади на светот од кои не можам да се наситам“, вели 31-годишната скопјанка Ивана Кушлич.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-01.jpg

Ивана Кушлич е 31-годишна девојка од Скопје која на шега вели дека во последните 5 години живее под мотото „кај и да си, само дома да не си“.

Динамична и со нескротлив дух, таа вели отсекогаш сакала да ги истражува границите надвор од комфор зоната.

Работи надвор од Македонија и прави одличен спој на работата со задоволството. Го има вистинскиот рецепт за полнење на батериите.

Швајцарија е нејзината омилена дестинација, па за CRNOBELO.com ги пренесува своите незаборавни искуства оттаму.

Зошто токму Швајцарија? Колку време веќе престојуваш таму и во кој град?

Поради многу причини, но ќе пробам да наведам неколку:

Магичната природа којашто секогаш ме остава без здив. Со оглед на тоа што има 208 планини, преку 3.000 метри високи и 7.000 езера дефинитивно е рај за секој поединец, кој е вљубеник во природата.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-01.jpg

Интересен ми е фактот што во Швајцарија зборуваат 4 различни јазици: германски, француски, италијански и ретромански и имаат 26 кантони.

Едукативниот и здравствениот систем важат за едни од најдобрите во Европа. Таа е една од најбезбедните земји за живеење и е исто така е земја со најнизок процент на криминал. Релативно е мала, но нуди многу.

Овде сум сè почесто, но овојпат останав 4 месеци, престојувам во градот Делемонт кој се наоѓа во францускиот дел на 30 километри од француската граница, којашто понекогаш ја преминувам со велосипед.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-03.jpeg

Крстосуваш по швајцарските Алпи, долови ни го чувството кога си таму …

Чувството е непроценливо, додека се искачувам нагоре морам да кажам дека сум исполнета со адреналин, верувам дека тоа е така поради сценеричните патеки, што понекогаш ми се надреални.

Нема да го изоставам делот кога после 3,4 часа качување конечно можам да си направам починка на еден од врвовите и сè што чувствувам во себе е мир, спокој и благосостојба на умот и телото. Едноставно го живеам моментот.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-07.jpg

Најживопивописното место што си го посетила досега на швајцарските Алпи е …

Ги има навистина многу, но еве како фаворит ќе го издвојам езерото Сееалпсе и бајковитото Банналпсе.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-02.jpg

Какви услови за пешачење има? Дали има патеки, обележани табли, некакво обезбедување итн.?

Швајцарија има развиено широка мрежа на одлично означени патеки. Верувале или не, поседува 60.000 километри планинарски патеки достапни буквално за секого.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-10.jpg

За велосипедистите што е обезбедено?

За велосипедистите, посебно за вљубениците во „off road“ велосипедизмот патеките се обележни со жолти линии во должина од 1.50 метри.

Живеат ли многу луѓе во идиличните швајцарски села во планините? Како изгледа животот таму?

Да, живеат, но луѓето таму се доста повлечени и се многу посветени на одгледувањето на животни на своите фарми.

Некои жители работат за туристичката економија, управувајќи со хотели и ресторани, додека други ја искористуваат околината за производство на овошје и зеленчук, производство на млеко, сирење и други производи што подоцна ќе бидат дистрибуирани во најголемите швајцарски брендови на продавници за храна.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-08.jpg

Има ли многу пасишта со крави?

Да, овде кравите се швајцарски симбол. Има толку огромен број на пасишта со крави.

Имаат дури и таканаречен фестивал за крави, кој се случува кон завршетокот на септември. Тогаш фармерите ги украсуваат кравите околу вратот со цвеќиња, a тие се облечени во традиционална облека и со музика и марш ги симнуваат кравите долу во селата за зимата што надоаѓа.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-03.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg