31 фото доказ дека Македонија има рајска убавина, низ објективот на Дуле Дамјановски
- Детали
- сабота, 30 мај 2020
Од водопади до езера и манастири, Македонија навистина има убавини што ја полнат душата.
Македонија има прекрасна природа и, за среќа, постојат луѓе кои го ценат тоа. Дуле Дамјановски е еден од нив.
Овој вљубеник во природата обожава да ги фотографира убавините на Македонија.
Низ неговиот објектив тој ја овековечува магијата на Матка, Галичник, Куклица и низа други прекрасни места во нашата држава.
„Речиси целиот живот се занимавам со фотографија, а особено во последниве години посериозно. Сите локации низ Македонија ми се убави, само да е во природа, а ако би морал да одвојам како најомилени локации тоа би биле водопадот на Бабуна и Зович. Фотографијата ми е хоби и ме исполнува, а нашата држава дефинитивно има што да понуди“, вели Дуле Дамјановски за CRNOBELO.com.