Софија Христова: „Највкусното кафе го испив во Танзанија, а најлудата авантура ја имав на Филипини“

Од Замбија никогаш нема да ги заборавиш…

Чаминука и Чако, двајцата браќа леопарди кои се вдомени од луѓето во резерватот, откога ја изгубиле мајката, и имаат карактер на мнооооогу големи домашни мачки.

sofija-hristova-najvkusnoto-kafe-go-ispiv-vo-tanzanija-a-najludata-avantura-ja-imav-na-filipini-03.jpeg

Каде живеат најубавите луѓе?

Иако „beauty is in the eye of the beholder“ (убавината е во очите на набљудувачот), Сардинија е мојот избор.

Каде живеат најљубезните луѓе?

Хмм, тесен избор помеѓу Индија, земјите во Африка и Португалија.

sofija-hristova-najvkusnoto-kafe-go-ispiv-vo-tanzanija-a-najludata-avantura-ja-imav-na-filipini-14.jpeg

Имаш ли пријателства од патувањата кои траат до денес?

ДАААА! Тие ми се најубавите доживотни сувенири и најголемото богатство!

Како ги организираш патувањата? Некој совет за оние кои сакаат да посетат далечни дестинации, но немаат храброст да се зафатат со организација?

Дефинитивно би препрорачала (посебно за прво далечно патување) да се оди преку професионална агенција, а враќањето на омилените дестинации е секогаш возможно да си го организирате и сами.

sofija-hristova-najvkusnoto-kafe-go-ispiv-vo-tanzanija-a-najludata-avantura-ja-imav-na-filipini-04.jpeg

5 работи кои задолжително ги ставаш во куфер на секое патување?

Бикини, очила за сонце, удобни патики, крема за сончање и спреј против комарци.

Која е твојата наредна дестинација?

Сингапур ми е одамна на листата како дестинација.

Фотки од нејзините патувања:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg