Даница Стојановска за искачувањето на Олимп: „Се пешачи 12 часа и еден погрешен чекор може да биде фатален, но маката вреди за погледот“
Се запозна ли со други планинари за овие неколку дена?
На слегување застанав на кратка пауза да ги видам моите пријатели од планинарскиот дом „Какалос“ и таму се запознав со двајца планинари од Словенија, дечко и девојка, кои цело лето патувале со комбе низ Балканот, а воедно посетувајќи ја и Македонија.
Со нив на спуштање поминав пет-шест часа, меѓусебно раскажувајќи си ги нашите авантуристички доживувања, за животот во поранешна Југославија, а на крај се договоривме повторно да се сретнеме некаде.
Која опрема е неопходна за ваков вид планинарска тура?
За ваков тип тури неопходни се добри планинарски чевли, кацига поради одрони на камења од други планинари или евентуално диви кози, и при техничкиот дел од искачувањето - по желба појас и јаже.
Со ова прашање може да го завршиме разговорот. Како ќе го опишеш целото искуство во неколку реченици?
Олимп е фасцинантна планина и би ја препорачала на секој планинар, како и на оние што имаат желба да ги истражуваат убавините на светот. Знам дека јас сигурно повторно ќе се вратам на Олимп.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело