Александра oд Скопје: „Во Виетнам поминување улица е научна фантастика, но затоа има прекрасен народ“

Прво прошетај ја земјата во која си решил да живееш, па потоа посвети се на себеси. Кои места успеа да ги посетиш откако се пресели во Виетнам?

О да! Ја имав таа среќа да отидам на 15-дневен одмор непосредно откако почнав со работа. Беа тоа споени државни празници за Лунарната Нова година, и ептен ми се погоди шетањето.

Го посетив средниот дел на Виетнам, поточно Nha Trang – едно егзотично модерно место што излегува на море, со многу убави песочни плажи и палми, чиста вода, пешки шетајќи покрај брегот, ги посетив најзначајните знаменитости, како Po Nagar, историско обележје уште од 7-ми век, потоа најголемата статуа на Буда – бев во храмот.

Бев и на островот Hon Tre, познат по златнопесочните плажи и забавниот парк Vinpearl, каде поминав цел ден и се почувствував како да сум во некој цртан филм.

BeFunky collage copy copy

Од Nha Trang, се упатив во Da Nang – трет град по големина, едно од најпознатите таргет места во Виетнам, кое врие од експати, мостови во вид на змеј, таму бев на островот на мајмуните, ја посетив пагодата на Lady Buddha, потоа Мраморните Планини, каде на врвот ставав камења во џеб за да не ме однесе ветрот, а се пентарев и по најстрмната и претесна пештера која баш бараше фокус и сосредоточеност, зашто беше претемна, и премногу се лизгаше.

Девојчето што ја искачуваше после мене се повреди, и заврши со крвави колена и лакти. Ова место ја има идеалната клима во цел Виетнам, заедно со Da Lat, а аеродромот тука бил најпосетениот аеродром во светот од 1968 до 1974 година. Посакав еден ден да живеам тука.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 5

Потоа, немаше да си простам доколку не отидев во најромантичното место во светот Hoi An – градот на куглестите ламби светлина заштитен од УНЕСКО, каде поминав цел ден, истражувајќи ги знаменитостите и уживајќи во возењето со брод по реката полна со украсни кутивчиња со свеќи, кои се верува дека носат добра среќа и љубов.

Не останав должна да пробам локална храна и благо од познатиот уличен пазар.

Од Hoi An, се упатив кон античкиот град Hue, исто така заштитен од УНЕСКО, кој претходно бил престолнина на кралот. Се почувствував како да сум во некое друго време, на некоја друга планета, нестварна убавина, со богати детали, ги посетив познатите гробници кои се сметаат за скриен град, толкава мистерија го карактеризира ова место што едноставно не сакаш да си одиш од што те скокотка љубопитност да дознаеш и видиш што повеќе…

Најљубезните луѓе ги сретнав тука, а не останав рамнодушна ни на храната.

BeFunky collage 1 copy

Од Hue, решив да се вратам во Ханои со воз. Патувањето траеше 17 часа, но ми беше интересно зашто ја имав највеселата кабина во цел воз, со 5 деца во неа, кои цело време пееја и се смееја. И јас со нив.

Неодамна бев на најпознатиот залив и едно од Седумте светски чуда, Заливот Ha Long Bay, на крстарење со Мун, чија убавина не се опишува со зборови. Тоа треба да се види со голо око и почувствува со срце. Уште 5 поголеми места ми останаа на листата да отштиклирам.

aleksandra-lucanok-vo-vietnam-ve-ocekuva-surija-motori-i-svirezi-pominuvanje-ulici-e-naucna-fantastika-nema-pravila-no-zatoa-ima-mnogu-oriz-i-nudli_18.jpg

Постојат ли разлики помеѓу северниот и јужниот дел на Виетнам?

Како не, и тоа очигледни! На север луѓето се посериозни, поприбрани, официјални, костумирани, се водат повеќе по правила и прописи, додека на југ се поопуштени, повеќе се смеат, но и повеќе си поткраднуваат.

Пример, само што стигнав на море, уште првиот ден ми го „џапнаа“ телефонот во паркот на плажа, во истиот момент додека отворав кутија да каснам манго. Па среќа, еден Виетнамец му се обрати на крадецот, јас се свртев да видам што се случува, и овој во истиот момент ми го врати телефонот.

Ептен се програмирани за таа работа на југ, но сè заврши брзо и без потресување. Едно искуство плус. Се почувствував заштитена и му се заблагодарив на Бога.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 20

Што ќе ни откриеш за локалната кујна? Ти се допаѓа ли?

Ух! На почеток малку ми беше тешко да се привикнам, зашто јадев, а поим немав што јадам, па јаболко кое ми изгледаше дека е домат, си го комбинирав со ориз и зеленчук, но сега прашувам и откривам нови специјалитети кои можам да ги пробам.

Вегетаријанец сум, но не и некој голем јадач, иако тука ми се отвори апетит да си пробам од сè по нешто. Вегетаријанските јадења им се превкусни, буквално сè се комбинира со ориз или нудли, а често јадам и тофу.

Го имаат највкусното овошје што некогаш сум го пробала, и не поминувам ден без тоа, а моментално ги истражувам зеленилата, тревите, кои ги има во изобилство и се доста нутритивно богати. Тука дури ја има и една од најхранливите печурки во светот – Lion’s Mane, која ја најдов во маркет, и буквално се фрапирав. Не беше скапа, додека во Европа да ја купиш, во прав секако, чини богатство.

Многу популарна меѓу младите е и уличната храна, која ја има на секој чекор, но после тровањето во Непал, сум многу внимателна пред нешто да пробам. Како и да е, понекогаш Мун ме кани на виетнамски ручек кај неа, а јас неа ѝ готвам македонско, и многу ѝ се допаѓа нашата кујна!

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 2

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg