10 кулинарски грешки поради кои не ви успеваат рецептите од интернет
Не обрнувате внимание на времето
Препорачливо е секогаш да користите тајмер, особено ако првпат готвите нешто.
Не ја загревате рерната
Ако рецептот нагласува однапред да ја загреете рерната, немојте да го игнорирате овој чекор.
На овој начин храната ќе се зготви многу порамномерно.
За повеќето рерни, доволни се 10-тина минути да се загреат до 200 степени.
Лукот и кромидот ги ставате во исто време кога ги пржите
Додека на кромидот може да му се потребни и повеќе од пет минути, исечканиот лук се пржи за 30-тина секунди.
Што значи, ако ги ставите во исто време, ќе имате или изгорен лук или недопржен кромид.
Не ја проверувате температурата на маслото за пржење
Кога пржите што било, важно е маслото да биде загреано.
Во спротивно, храната ќе впие голем дел од него.
Можете да проверите дали маслото е доволно загреано со мало парче храна. Ако, на пример, пржите компир, ставете едно компирче во маслото – ако почне да се пржи, слободно додајте ги и другите.
Не внимавате на хигиената
Сигурни сме дека ги миете рацете пред готвење и користите чисти садови, ножеви и слично, но постојат и други ситници на кои мора да обрнете внимание.
Кога сечете месо, потоа не заборавајте темелно да ги измиете рацете со сапун за да не ги разнесете бактериите низ кујната.
Исто така, немојте да го миете месото пред готвење.
Спирова С. | Црнобело