10 кулинарски грешки поради кои не ви успеваат рецептите од интернет

Имате превисоки очекувања, ги преполнувате тавите и не ја загревате рерната – постојат многу грешки поради кои храната не ви излегува како рецептот што сте го виделе онлајн.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-01.jpg

Со компактните видеа од околу една минута, Инстаграм и другите социјални мрежи инспирираат сè повеќе и повеќе луѓе да готват почесто.

Истовремено, доста популарни се и рецептите по веб-сајтови и блогови помеѓу кои може да се најде по нешто за сечиј вкус.

Ако готвите според овие рецепти, веројатно ви се случило јадењето да ви излезе сосема поразлично од очекуваното.

Најчестите грешки кои се причина за ова:

Имате превисоки очекувања

Фотките од рецептите што ги гледаме онлајн секогаш изгледаат совршено. Кога, пак, станува збор за видеа, целиот процес ни изгледа навистина лесно.

Поради сето ова, имаме превисоки очекувања од себе кога следиме нечиј рецепт и мислиме дека храната ќе изгледа исто како и на видеото или фотографијата.

Но, мора да бидете пореалистични – голема е веројатноста личноста од којашто го гледате рецептот да има многу подобро опремена кујна и повеќе искуство, плус таму се скратени сите грешки.

Па, не очајувајте ако крајниот резултат не изгледа како оригиналот.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-02.jpg

Готвите на силен оган за да го забрзате процесот

Температурата на којашто ја готвите храната се нагласува со причина.

Ако, на пример, ги варите тестенините на силен оган, голема е веројатноста водата да ви претече.

Ако печете нешто на повисока температура од препорачаната, ќе се зготви само однадвор, но не и внатре.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-03.jpg

Не го оставате месото да отстои по печење

Откако ќе го испечете месото, оставете го да отстои 15-тина минути.

Со ова ќе му дадете време да ги впие течностите и да биде многу посочно.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-04.jpg

Не обрнувате внимание на сервирањето

И највкусниот оброк нема да изгледа многу добро ако готвачот не обрне внимание на сервирањето.

Нема потреба да ја сервирате храната како во луксузен ресторан, но секогаш можете да искористите убави чинии и да додадете свежи зачини, зеленчук и слично за декорација.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-05.jpg

Ги преполнувате тавите и тенџерињата

Многу е важно да користите тави и тенџериња со соодветна големина.

Ако ги преполните, кога течностите ќе зовријат, храната речиси сигурно ќе ви претече.

10-kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-receptite-od-internet-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg